Јутуберот Стефан Лазаров ја запроси девојката на стадион во Барселона: „Ова е најубавиот ден во мојот живот“

„Oва е најубавиот ден во мојот живот, искрено да ви кажам“ – рече македонскиот јутубер Стефан Лазаров во едно од видеата во кое говори за романтичното запросување што ѝ го приготвил на неговата девојка Марта во Барселона.

jutuberot-stefan-lazarov-ja-zaprosi-devojkata-na-stadion-vo-barselona-ova-e-najubaviot-den-vo-mojot-zhivot-01.jpg

Стефан Лазаров е познат македонски јутубер, водител и пејач, а неговата девојка Марта објави повеќе фотографии со кои им приреди изненадување на нејзините следбеници.

Марта и Стефан се заедно околу 6 години, а според најновите фотографии објавени на нејзиниот профил можеме да видиме дека јутуберот одлучил да ѝ приреди вистинско изненадување додека биле на стадионот Камп Ноу во Барселона.

Марта сподели неколку фотографии и видеа и откри дека Стефан ѝ приредил романтично запросување додека заедно биле на фудбалски натпревар. Стефан, пак, на својот Инстаграм профил сподели повеќе фотографии од посетата на стадионот и рече дека конечно му се остварил сонот.

„Значи ова е најубавиот ден во мојот живот, искрено да ви кажам. Моментот го забележаа дури и официјалните лица што снимаат за Барселона и дојдоа ни земаа изјава“ – рече тој во кратко видео објавено во стори.

jutuberot-stefan-lazarov-ja-zaprosi-devojkata-na-stadion-vo-barselona-ova-e-najubaviot-den-vo-mojot-zhivot-02_1.jpg

Погледнете го видеото од запросувањето:

Македонскиот јутубер околу два месеци се подготвувал за романтичното запросување и сакал сè да биде посебно и романтично.

jutuberot-stefan-lazarov-ja-zaprosi-devojkata-na-stadion-vo-barselona-ova-e-najubaviot-den-vo-mojot-zhivot-02.jpg

Прочитајте и Девојката на македонскиот јутубер Лазаров е вистинска убавица (фото)

Погледнете уште фотографии:

jutuberot-stefan-lazarov-ja-zaprosi-devojkata-na-stadion-vo-barselona-ova-e-najubaviot-den-vo-mojot-zhivot-04.jpg

jutuberot-stefan-lazarov-ja-zaprosi-devojkata-na-stadion-vo-barselona-ova-e-najubaviot-den-vo-mojot-zhivot-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Девојка од Скопје: „Имам 34 години, имав потреба од плус финансии и мијам садови во кафеана - од раб... Кога сите би биле вака храбри и искрени, Македонија би била подобро место за жив...
Македонија низ објективот на туристка од Турција: „Тргнав со предрасуди, но оваа земја ги надмина мо... „Скопје ме потсети дека треба да го видам целиот Балкан“ – вели Турчинката која ...
Девојка од Скопје го ископира стајлингот на Ким Кардашијан oд Мет Гала 2021, со црна маска на лицето... Атрактивната русокоса скопјанка за 1-ви Април беше вистинска копија на Ким Карда...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg