Панчо и Андреј: „Пред 20 години започна сонот ДНК, имаше многу сопки, неправди, хејтери, лажни пријатели, но издржавме“

„Полна месечина“, „Навлечен на тебе“, „Пази се од мене“, „Што сака нека биде“... Која ви е омилената песна од ДНК? Панчо и Андреј со емотивен статус по повод 20 години постоење на нивната група: „Пред 20 години не бевме воопшто свесни колку е тешка оваа професија...“

pancho-i-andrej-pred-20-godini-zapochna-sonot-dnk-ima-e-mnogu-sopki-nepravdi-hejteri-lazhni-prijateli-no-izdrzhavme-01.jpg

Владимир Блажев - Панчо и Андреја Ѓорѓиески – Андреј се момците oд групата ДНК, кои веќе години наназад ни даруваат хитови во кои уживаме.

Со динамични песни, а тие ведри и енергични, веќе 20 години имаат армија од фанови во нашата држава, па и пошироко.

Но, почетоците на македонската музичка сцена велат дека не биле лесни, сепак се среќни што успеале да издржат сè.

Сега, слават 20 години ДНК и по тој повод Панчо и Андреј објавија фотографии од кога ДНК групата била сон во зачеток, но и од денес кога веќе го живеат својот сон.

Најавија и концерт на кој ќе се слави овој убав повод.

Објавата на Панчо и Андреј по повод 20 години ДНК:

Пред точно 20 години

(2002 - 2022) започна еден тинејџерски сон наречен ДНК.

Тогаш бевме млади, полни со енергија и ентузијазам, но никогаш не верувавме дека може да издржиме во „брак” цели 20 години. Тогаш ниту приближно не бевме свесни колку е тешка оваа професија, иако нам ни изгледаше дека е едноставно како песна.

Премногу сопки, неправди, хејтери, лажни пријатели и аjкули кои по секоја цена сакаат да те бутнат и на некој начин да те омаловажат. До ден денес како и на самиот почеток, наша љубов е музиката и така ќе остане засекогаш.

pancho-i-andrej-pred-20-godini-zapochna-sonot-dnk-ima-e-mnogu-sopki-nepravdi-hejteri-lazhni-prijateli-no-izdrzhavme-02.jpg

Да знаевме колку е тешко на почетоците, и да бевме свесни дека секогаш ни требаше да вложиме тродупло труд од останатите да се докажеме за да заслужиме респект и почит од новинари, колеги, медиуми и што е најбитно публиката, не верувам дека ќе се решевме ова да ни биде примарна работа во нашите животи.

До ден денес се докажуваме, но сега веќе пред самите себе и единствено пред публиката која од секогаш сме ја сметале за главен, реален и безгрешен критичар.

pancho-i-andrej-pred-20-godini-zapochna-sonot-dnk-ima-e-mnogu-sopki-nepravdi-hejteri-lazhni-prijateli-no-izdrzhavme-03.jpg

Од оваа перспектива гледано наназад, можеби и затоа се уште сме тука и се уште сме активни на нашата (каква таква) поп сцена. Најбитно од сè е дека навечер мирно спиеме бидејќи сè што сме направиле е направено исклучиво од нас самите без никаква поддршка од родителите (не биле во состојба да ни помигнат финансиски), менаџери или богати пријатели.

Целиот досегашен успех го должиме на Вас, публиката која безрезервно нè поддржувате низ сиве овие години и на нашиот трет член, скромното дете кое доаѓа од Тетово, Лазар Цветкоски на кој сме му толку многу должни што уште двапати да се родиме нема да може да му се оддолжиме.

pancho-i-andrej-pred-20-godini-zapochna-sonot-dnk-ima-e-mnogu-sopki-nepravdi-hejteri-lazhni-prijateli-no-izdrzhavme-04.jpg

Ниту во најубавите соништа не сме можеле да сонуваме дека ќе дочекаме 20 години, кои заеднички ќе ги прославиме во арената „Борис Трајковски” на 3-ти декември. Тоа Ви го должиме на сите вам кои сте со нас од самите почетоци.

Без разлика дали ќе има 100, 500, 1.000, 5.000 или 10.000 луѓе од срце ќе пееме за сите оние кои ќе бидат присутни таа вечер. Ве поздравуваме, и со нетрпение го очекуваме 3-ти декември за да ја славиме песната, љубовта и животот.

Фала ви за се.
Ваши,
Панчо и Андреј 

Неколку од нивните најголеми хитови:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Колку се високи македонските џебни Венери? Од Ноне Неделковска до Јелена Јованова и Викторија Лоба – кои македонски дами не...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg