Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Филип Иванов, пастор: „Не го бранам Halloween, но луѓето се ‘сатанизираат’ на многу повеќе начини секојдневно“

„Да ви кажам ‘новост’: ако сте му дале телефон на детето, тоа веќе се ‘сатанизира’ секој ден, со многу пострашни и подолгорочни последици по неговата душа од тиквите, костурите и вештерките на Halloween...“, гласи дел од објавата на Филип Иванов од Велес, кој веќе долги години е во црковна служба.

filip-ivanov-pastor-ne-go-branam-halloween-no-lugjeto-se-sataniziraat-na-mnogu-povekje-nachini-sekojdnevno-01.jpg

Филип Иванов од Велес, е во црковна служба уште по завршувањето на студиите во 2011-та, а официјално е пастор повеќе од пет години во Евангелска Црква во Велес.

Пастор значи пастир, духовен водач на народот Божји, некој што се грижи за одржувањето на редовните богослужби на црквата и за духовниот растеж и благосостојба на верниците.

Главна мисија му е да им помага на луѓето, но и да биде посветен татко и сопруг.

filip-ivanov-pastor-ne-go-branam-halloween-no-lugjeto-se-sataniziraat-na-mnogu-povekje-nachini-sekojdnevno-02.jpg

Неретко тој ги искажува своите ставови на разни актуелни теми, па така е и сега со Halloween, односно празникот кој ги подели мислењата на македонската јавност.

Неговата објава гласи:

„Aко завршивме со Halloween, да се вратиме сега на останатите секојдневни сатанизми - зли мисли, омраза, прељуби, блуд, крадење, лажење, клеветење... Тие не се по маркетите, во срцата и умовите се.

Луѓе, јас исто така не гледам нешто добро и било каква поента во ова комерцијално истуркано Halloween, но децата и возрасните се „сатанизираат“ на многу повеќе начини во остатокот од годината, што некако ни иде тешко да си признаеме...

Да ви кажам „новост“: ако сте му дале телефон на детето, тоа веќе се „сатанизира“ секој ден, со многу пострашни и подолгорочни последици по неговата душа од „хеловинските“ тикви, костури и вештерки.

Видете ја содржината и суштината на филтрите, клипчињата, песните и ликовите што вашите деца ги гледаат и следат, разберете дека тие реално поминуваат повеќе време со нив отколку со вас и дека тие нешта ги формираат апетитите и соништата на вашите деца, па тогаш видете ја „големата слика“, тогаш да правиме муабет за „сатанизам“...

Но, веројатно затоа што и ние сме под влијание на таа темнина, на тој „сатанизам“, а мислиме и се лажеме дека ние сме тие што ја контролираат, затоа сме лагодни и нашите деца да експериментираат и да си играат со тие нешта, нели?

Широка е темата, не е за вака, но јас едно нешто сум сфатил, сметам во право сум - темнината не си оди ако врескаш против неа, туку ако го запалиш светлото, па така, сатанизмите не си одат ако само пишуваме против тие нешта, туку единствено ако му дозволиме на Христос да биде на престолот во нашите животи и семејства.

„Светлината свети во темнина, и мракот не ја опфати...“

(Евангелие по Јован 1:5)“

Прочитајте и Инспиративен лик: Филип Иванов – пастор во Велес, голем хуманитарец и вљубеник во природа, кој оди на служба и во Африка

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филип Пецовски од „Ѕвездите на Гранд“ чека дете - откри со видео од Козјак и капче со натпис „тато“ „1 + 1 = 3“ напиша пејачот и со видео, со прекрасна позадина на Козјак, со сакан...
Јелена и Филип се венчаа на ски стаза во Маврово – под олтар направен од скии, невестата скијаше во ... „Стапивме во брак кај Трифкова колиба, а до олтарот кој беше направен од стари с...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Мартин од „Некст тајм“ ќе стане татко, објави фотки од трудничкото стомаче на сопругата Мартин сподели неколку фотографии со сопругата - додека ја бакнува во челото и ф...
Златко Јовановски предизвика измешани реакции: „Не е секој создаден за родител, но би сакал да имам ... „Јас денес да имам дете, тоа дете мене би ми било пречка во остварувањето на мој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg