Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Не сакам да просам по улици“ – јутјуберот Стефан Лазаров му помогна на младиот Неџат да најде стан и работа (видео)

Додека многумина сонуваат за луксуз, 18-годишниот Неџат бараше само вработување и сместување, а благодарение на јутјуберот Стефан Лазаров животот на поранешниот штитеник на Домот за деца без родители целосно се промени во два дена.

stefan-lazarov-go-promeni-zhivotot-na-mladiot-nedjat-roditelite-go-ostavile-koga-imal-samo-4-godini-a-sega-dobi-svoj-stan-i-vrabotuvanje-video-01.jpg

Неџат имал само 4 години кога неговите родители го оставиле во згрижувачки дом, а откако наполнил 18 години тој треба сам да го најде вистинскиот пат.

stefan-lazarov-go-promeni-zhivotot-na-mladiot-nedjat-roditelite-go-ostavile-koga-imal-samo-4-godini-a-sega-dobi-svoj-stan-i-vrabotuvanje-video-02.jpg

Јутјуберот Стефан Лазаров претходно објави едно подолго видео во кое со неговите гледачи ја сподели тажната приказна на Неџат и во кое ги замоли луѓето да помогнат да се најде вработување и нов дом за момчето кое искрено откри дека во минатото спиел на улица и во кафези за картони.

stefan-lazarov-go-promeni-zhivotot-na-mladiot-nedjat-roditelite-go-ostavile-koga-imal-samo-4-godini-a-sega-dobi-svoj-stan-i-vrabotuvanje-video-03.jpg

Заради животните околности, Неџат во моментов е прва година средно образование во Државното училиште за физичка култура, а вели дека единствена желба му е да го заврши образованието.

„Мене ми треба само некој да ме насочи, не сакам да завршам на улица со просење, со крадење, со лажење. Јас сум единствен од моите 84 поголеми братучеди што не пуши цигари, не се дрогира и не консумира алкохол и сакам тоа да не се промени. Јас барам само работа, сместување и некој да ми го покаже патот“ – апелираше Неџат во првото видео.

Неколку дена подоцна, Стефан објави ново видео во кое се гледа дека успеале да најдат стан под кирија каде Неџат ќе може да живее, а веќе истиот ден тој требаше да почне на новото работно место.

stefan-lazarov-go-promeni-zhivotot-na-mladiot-nedjat-roditelite-go-ostavile-koga-imal-samo-4-godini-a-sega-dobi-svoj-stan-i-vrabotuvanje-video-04.jpg

Како што рече Стефан, на ова работно место, доколку се покаже во наредните седум дена, Неџат ќе биде добро платен, ќе има здравствено осигурување и ќе има голем број бенефиции како и останатите вработени.

„Сакам премногу да ви се заблагодарам на сите што ми помогнавте, бидејќи ова е втора шанса во мојот живот. Премногу сум среќен што имам стан и работа и ќе ве убедам дека нема да ја злоупотребам оваа моја втора шанса во животот“ – рече Неџат пред да влезе во својот нов дом.

Погледнете го видеото од новиот дом на Неџат:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стефан Спирковски, по несреќата со АТВ на Караџица, се огласи од болница: „Се тумбавме во провалија,... „Вчера како што знаете бевме со квадови на Караџица односно до Бегово поле. И на...
Лила во пустината Вади Рум, Дарко Велковски и Тамара во Рим: Што прават македонските ѕвезди деновиве... Фудбалерот Дарко Велковски и неговата сакана Тамара Чуприна уживаат во Рим, а па...
Панчо и Андреј: „Пред 20 години започна сонот ДНК, имаше многу сопки, неправди, хејтери, лажни прија... „Полна месечина“, „Навлечен на тебе“, „Пази се од мене“, „Што сака нека биде“......

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg