Стефан Спирковски, по несреќата со АТВ на Караџица, се огласи од болница: „Се тумбавме во провалија, 4 часа висев на две гранки“

„Вчера како што знаете бевме со квадови на Караџица односно до Бегово поле. И на враќање сакаше Илина да вози, односно другарката на сестра ми, јас бев совозач и во една кривина излета и се тумбавме во провалија некои 50 метри. Страшна беше ситуацијата...“, раскажува нашиот модел Стефан Спирковски од болница по страшната несреќа.

stefan-spirkovski-po-nesrekjata-so-atv-na-karadjica-se-oglasi-od-bolnica-se-tumbavme-vo-provalija-4-chasa-visev-na-dve-granki-01.jpg

Во нашите медиуми на 8-ми ноември осамна информацијата дека се спасени две лица кои паднале во провалија на Караџица, возејќи квадрицикл.

Тие биле извлечени во стабилна состојба, но со повреди.

Еден од нив е моделот и фитнес инфлуенсер Стефан Спирковски, кој сега се огласи директно од болница.

Вчера (09.11) тој напиша: „Митровден е мојот нов роденден. Голема благодарност до Итната помош, Противпожарната екипа и вработените на Ургентен центар. Фала ви на сите за грижата“.

Потоа, во емотивно видео тој објасни што се случило и како се чувствува сега.

Стефан Спирковски вели:

„Дечки, ред е да ве известам за мојата моментална ситуација.

Вчера како што знаете бевме со квадови на Караџица односно до Бегово поле. Бевме со 3 квада, со сестра ми, еден другар на сестра ми, неговата сестра и татко им.
И на враќање сакаше Илина да вози, односно другарката на сестра ми, јас бев совозач и во една кривина излета и се тумбавме во провалија некои 50 метри.

Среќа што имавме кациги. Јас поминав со скршеница на раката, скршени две ребра и мало оштетување на црниот дроб, но ме снимаа и мислам рекоа дека е добро.
Страшна беше ситуацијата.

Среќа што имав кацига, удрив во еден камен, изгледа тогаш ми беше излетана, среќа што се имав задржано на две гранки и така чекав 4 часа да дојдат од Пожарникарна служба и Црвен крст.

Ме ставија на кревет и со дигалка ме креваа нагоре.
Вечерта ме примија во државна болница и ме оперираа околу 12 наутро. Можеше да биде многу полошо.

Сега чувствувам дека нема да можам да мрдам некој период. Тоа најтешко ќе го поднесам, но ќе дадам сè од себе да останам стабилен психички пред сè, но најблиските ми дојдоа на посета и ми дадоа некој елан.

Немам ниту телефон, сега ми донесоа еден стар, а не можам ниту многу да пишувам со лева рака. Кога ќе ме пуштат дома ќе ви се јавам на сите.

Битно е дека сум жив и здрав и дека можеше многу полошо да биде.“

На следната страна повеќе фотографии од него...



Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска: „Ние Македонците сфаќаме што е слобода откако ќе заминеме во странство“ „Јас лично мислев дека нешто не е океј со мене. Барав грешка во себе, мисле...
Филмско запросување на Македонка на Малдиви со рози и романтични фенери: „Ја затворија плажата за на... „Таа не знаеше воопшто ништо, ни малку не помисли на тоа. Момците од ресортот це...
Моделот Стефан Спирковски една година по несреќата со АТВ на Караџица се потсети на страшниот ден: „... „Помина точно една година од сообраќајната несреќа која ми се случи и, за среќа,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg