Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Поразителен став од страна на жена“ - Кристина Димитри стана мета на критики по изјава во македонска емисија (видео)

„Ова е жално што го слушам од устата на една жена“, „Не, не, не. Поразителен став од страна на жена. Буквално сум без зборови и не коментирам понатаму“... Се дел од осудувачките коментари за изјавата на пејачката Кристина Димитри дека жената не може да е рамноправна со мажот.

porazitelen-stav-od-strana-na-zhena-kristina-dimitri-stana-meta-na-kritiki-po-izjava-vo-makedonska-emisija-video-01.jpg

Пејачката Кристина Димитри гостуваше во емисијата „Нешто конкретно“ на Снеже Велков, каде зборуваше на разни теми.

Но, една нејзина изјава во емисијата ги разлути жените и таа стана мета на онлајн критики.

Изјавата на Кристина која вирално се споделува:

„Мажот треба да си има поголема слобода.

Жената сепак треба да се знае дека е жена и да си има некои граници.

Жената не може да е рамноправна со мажот, иако се бориме ние.

Не можеме ние физички да се пресметаме, ете да одиме во војна...“

porazitelen-stav-od-strana-na-zhena-kristina-dimitri-stana-meta-na-kritiki-po-izjava-vo-makedonska-emisija-video-02.jpg

На ова дел од коментарите од девојки и жени на социјалните мрежи се:

„Не, не, не. Поразителен став од страна на жена. Буквално сум без зборови и не коментирам понатаму“ – Дона Неделковска

porazitelen-stav-od-strana-na-zhena-kristina-dimitri-stana-meta-na-kritiki-po-izjava-vo-makedonska-emisija-video-01_1.jpg

„Ова е жално што го слушам од устата на една жена“ – Маја Кикириткова

porazitelen-stav-od-strana-na-zhena-kristina-dimitri-stana-meta-na-kritiki-po-izjava-vo-makedonska-emisija-video-02_1.jpg

Инаку оваа изјава е дел од одговорот на Кристина на прашањето од Снеже Велков „Штo го валка образот на една жена најмногу?“, кој започнува вака:

„Најмногу? Па, нормално, колку таа има морална вредности. Бидејќи кај мажот може тој да е неморален до утре, но тој секогаш ќе биде фраер и опасен, а жената не. Но, до некаде јас го поддржувам тоа и...“

Потоа оттука продолжува горната изјава која ги поттикна реакциите, и на крај Кристина завршува со тоа дека жената треба да биде дама и така да биде третирана од мажот.

Нејзиното гостување во емисијата „Нешто конкретно“, прашањето е од 29-та минута:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кристина Димитри со полутанга бикини се релаксира покрај базен (фото) Пејачката Кристина Димитри, која не сака да открива многу детали од приватноста,...
Јован Илиески (24): „На 4 години почнав да пелтечам поради траума, бев мета за задевање – сега не се... „Сега имам 24 години, а на мои 4 години, одејќи во градинка, предучилишна возрас...
Не е Тоскана, Демир Капија е: Недогледни полиња со лаванда - рај за очи (фото) Недогледни полиња со расцутена лаванда... Македонија дефинитивно има бајковити п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg