Тематски 28-ми роденден во двор на дечко од Куманово, со бургер бар, ќебе бар и есенски декорации (фото)

„Си организирав тематска забава во мојот двор. На самото место се печеше скара, имав направено бургер бар и секој од гостите сам си го правеше својот бургер. Бидејќи не знаевме дали времето ќе биде на наша страна (ноември е), како дел од декорацијата имаше „ќебе бар“, односно секој да може да земе ќебе и да се стопли“, споделува Христијан Маџовски (28) за CRNOBELO.com.

tematski-28-mi-rodenden-na-dechko-od-kumanovo-so-skara-burger-bar-kjebe-bar-i-meni-foto-01.jpg

Христијан Маџовски е креативен дечко од Куманово, кој вложува многу време и љубов, како во уредувањето на својот дом, така и во организацијата на прославите.

Овојпат тој до најситен детаљ организираше уникатна роденденска прослава по повод неговиот 28-ми роденден.

Забавата со семејството и пријателите се одржа во дворот на неговата семејна куќа, а тој имаше концепт со бургер бар, ќебе бар, мени и што уште не.

За организацијата на својот тематски роденден, Христијан споделува за CRNOBELO.com:

„За мојот 28-ми роденден одлучив да правам тематски роденден. Со фактот дека роденденот ми е во студен период од годината (14.11) никогаш досега немам прославено роденден надвор.

tematski-28-mi-rodenden-na-dechko-od-kumanovo-so-skara-burger-bar-kjebe-bar-i-meni-foto-20.jpeg

Тематски роденден отсекогаш ми било предизвик и инспирација. Сакав да направам нешто интересно за себе и своето друштво.

tematski-28-mi-rodenden-na-dechko-od-kumanovo-so-skara-burger-bar-kjebe-bar-i-meni-foto-21.jpeg

Главната тема беше „Чил и грил“, односно да уживаме, да се дружиме, а воедно и да правиме скара.

 tematski-28-mi-rodenden-na-dechko-od-kumanovo-so-skara-burger-bar-kjebe-bar-i-meni-foto-04.jpeg

Декорацијата и украсувањето беа лично мои, односно се служев со материјали кои веќе ги имав дома.

tematski-28-mi-rodenden-na-dechko-od-kumanovo-so-skara-burger-bar-kjebe-bar-i-meni-foto-07.jpeg

Палети, хартија, пампас трева, а и пред сè мојот двор. Се придржував до есенски бои, односно преовладуваа кафената, белата и зелената боја.

tematski-28-mi-rodenden-na-dechko-od-kumanovo-so-skara-burger-bar-kjebe-bar-i-meni-foto-13.jpeg

Времето беше на наша страна, па издржа да го искористиме денот максимално.

 tematski-28-mi-rodenden-na-dechko-od-kumanovo-so-skara-burger-bar-kjebe-bar-i-meni-foto-10.jpeg

Кога станува збор за храната и пијалаците, се одлучив тоа да бидат бургери кои секој ќе си ги направи по свој вкус.

tematski-28-mi-rodenden-na-dechko-od-kumanovo-so-skara-burger-bar-kjebe-bar-i-meni-foto-19.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Наша актерка од МНТ искрено порачува: „Сакам луѓето во театар секогаш да дојдат дотерани“ „Па, секогаш сакам прво да дојдат дотерани. Значи, не одиме во тренерки во теата...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...

Најчитани неделава