Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Нашиот, а светски стилист Марјан Петров ја шминкаше Јелена Томашевиќ за концерт со Андреа Бочели во Абу Даби

Магичните раце на Марјан Петров беа задолжени за изгледот на Јелена Томашевиќ на концертот на Андреа Бочели. „Јелена е прекрасна, а се запознав и со Андреа Бочели и неговата сопруга, кои се исто така многу добри луѓе...“, споделува нашиот стилист директно од Абу Даби за CRNOBELO.com.

nashiot-a-svetski-stilist-marjan-petrov-ja-shminkashe-jelena-tomashevikj-za-koncert-so-andrea-bocheli-vo-abu-dabi-01.jpg

Вчеравечер (24.11), светскиот тенор Андреа Бочели одржа концерт во Абу Даби, заедно со симфонискиот оркестар на Радио телевизија Србија и со српската пејачка Јелена Томашевиќ, како гостинка.

Бочели во месец јули настапуваше во Србија, па по успешната соработка со оркестарот на РТС, одлучи токму со него да соработува и за настапот во Абу Даби, каде имаше повеќе од 20.000 посетители.

Интересно е што дел од овој светски спектакл беше и нашиот познат стилист Марјан Петров од Струмица.

nashiot-a-svetski-stilist-marjan-petrov-ja-shminkashe-jelena-tomashevikj-za-koncert-so-andrea-bocheli-vo-abu-dabi-03.jpg

Тој досега има соработувано со многу домашни и балкански естрадни уметници, а директно од Абу Даби ни открива како настанала соработката со Јелена Томашевиќ.

Марјан Петров за CRNOBELO.com вели:

„Сè се случи неочекувано, пред една седмица во Струмица. Јелена имаше концерт во Струмица и организаторите на тој концерт ме препорачале мене да ѝ бидам стилист за концертот.

Се запознавме и низ муабет стана збор за мојот планиран одмор во Дубаи и за нејзиниот настап во Абу Даби, па тајмингот некако се погоди.

Инаку, Јелена и нејзиниот сопруг Иван Босиљчиќ се многу внимателни и добри луѓе, кои ми организираа сè за да бидам дел од тој спектакл.

nashiot-a-svetski-stilist-marjan-petrov-ja-shminkashe-jelena-tomashevikj-za-koncert-so-andrea-bocheli-vo-abu-dabi-02.jpg

Го запознав и Андреа Бочели и неговата сопруга, кои се исто така многу добри луѓе.

nashiot-a-svetski-stilist-marjan-petrov-ja-shminkashe-jelena-tomashevikj-za-koncert-so-andrea-bocheli-vo-abu-dabi-03.jpg

Концертот беше на многу високо ниво, а Јелена со оркестарот од РТС беа гости на тој концерт. Андреа Бочели по успешна соработка со овој оркестар во Србија, одлучил токму тие да го придружуваат на сцената.“

Повеќе фотографии од Марјан Петров во Абу Даби, но и од одморот во Дубаи:

nashiot-a-svetski-stilist-marjan-petrov-ja-shminkashe-jelena-tomashevikj-za-koncert-so-andrea-bocheli-vo-abu-dabi-04.jpg

nashiot-a-svetski-stilist-marjan-petrov-ja-shminkashe-jelena-tomashevikj-za-koncert-so-andrea-bocheli-vo-abu-dabi-01.jpg

Повеќе фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Кога првпат го видов, зрачеше таква енергија, што не можам да опишам“: Членовите на Камерен Оркеста... И по 15 години од смртта на Тоше, ликот и неговото дело се вечни. Сите нови гене...
Андреа се извини откако го фрли македонското знаме: „Гo носам знамето насекаде со мене, немав намера... „Не ми беше никаква намера да навредам некој. Ако го направив тоа, се извинувам....
„Неверојатна изведба во живо“ – Нашата евровизиска претставничка ги воодушеви присутните во Израел (... „Навистина ми беше чест што ја имав можноста да те следам во живо, го имаш мојот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg