Нашиот, а светски стилист Марјан Петров ја шминкаше Јелена Томашевиќ за концерт со Андреа Бочели во Абу Даби

Магичните раце на Марјан Петров беа задолжени за изгледот на Јелена Томашевиќ на концертот на Андреа Бочели. „Јелена е прекрасна, а се запознав и со Андреа Бочели и неговата сопруга, кои се исто така многу добри луѓе...“, споделува нашиот стилист директно од Абу Даби за CRNOBELO.com.

nashiot-a-svetski-stilist-marjan-petrov-ja-shminkashe-jelena-tomashevikj-za-koncert-so-andrea-bocheli-vo-abu-dabi-01.jpg

Вчеравечер (24.11), светскиот тенор Андреа Бочели одржа концерт во Абу Даби, заедно со симфонискиот оркестар на Радио телевизија Србија и со српската пејачка Јелена Томашевиќ, како гостинка.

Бочели во месец јули настапуваше во Србија, па по успешната соработка со оркестарот на РТС, одлучи токму со него да соработува и за настапот во Абу Даби, каде имаше повеќе од 20.000 посетители.

Интересно е што дел од овој светски спектакл беше и нашиот познат стилист Марјан Петров од Струмица.

nashiot-a-svetski-stilist-marjan-petrov-ja-shminkashe-jelena-tomashevikj-za-koncert-so-andrea-bocheli-vo-abu-dabi-03.jpg

Тој досега има соработувано со многу домашни и балкански естрадни уметници, а директно од Абу Даби ни открива како настанала соработката со Јелена Томашевиќ.

Марјан Петров за CRNOBELO.com вели:

„Сè се случи неочекувано, пред една седмица во Струмица. Јелена имаше концерт во Струмица и организаторите на тој концерт ме препорачале мене да ѝ бидам стилист за концертот.

Се запознавме и низ муабет стана збор за мојот планиран одмор во Дубаи и за нејзиниот настап во Абу Даби, па тајмингот некако се погоди.

Инаку, Јелена и нејзиниот сопруг Иван Босиљчиќ се многу внимателни и добри луѓе, кои ми организираа сè за да бидам дел од тој спектакл.

nashiot-a-svetski-stilist-marjan-petrov-ja-shminkashe-jelena-tomashevikj-za-koncert-so-andrea-bocheli-vo-abu-dabi-02.jpg

Го запознав и Андреа Бочели и неговата сопруга, кои се исто така многу добри луѓе.

nashiot-a-svetski-stilist-marjan-petrov-ja-shminkashe-jelena-tomashevikj-za-koncert-so-andrea-bocheli-vo-abu-dabi-03.jpg

Концертот беше на многу високо ниво, а Јелена со оркестарот од РТС беа гости на тој концерт. Андреа Бочели по успешна соработка со овој оркестар во Србија, одлучил токму тие да го придружуваат на сцената.“

Повеќе фотографии од Марјан Петров во Абу Даби, но и од одморот во Дубаи:

nashiot-a-svetski-stilist-marjan-petrov-ja-shminkashe-jelena-tomashevikj-za-koncert-so-andrea-bocheli-vo-abu-dabi-04.jpg

nashiot-a-svetski-stilist-marjan-petrov-ja-shminkashe-jelena-tomashevikj-za-koncert-so-andrea-bocheli-vo-abu-dabi-01.jpg

Повеќе фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Грдосијо, провинцијалко“ – Јелена Спенџарска опоменува за лошите коментари на социјалните мрежи и ш... „Некогаш ќе прочитам некој лош коментар кој што сте го оставиле за мене на некој...
Јелена Спенџарска за првпат го покажа момчето Грк на Инстаграм - на гости кај него во Солун (фото) Среќна и вљубена Јелена Спенџарска во прегратката на партнерот од Грција. За прв...
Марта Димоска, по мисијата на НАСА, позира во смел аутфит среде снежна бура во САД: „Ми летна шапкат... Македонката Марта Димоска позира како секси Баба Мразица среде снежна бура во СА...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg