Трогателен статус на Тајзи: „Дечко сам си го истетовирал мојот лик, смета дека мојата песна го спасила во страшна сообраќајка“

„Дечкото ми објасни дека имале страшна сообраќајна незгода, по која автомобилот завршил во отпад. На радио во тој момент одела мојата песна „Чувај ни га Боже“. Тој е убеден дека токму тоа ги спасило, почувствувале некоја чудна енергија...“, споделува Тајзи за средбата со негов фан, кој сега го истетовирал неговиот лик на себе, и тоа самиот.

trogatelen-status-na-tajzi-dechko-sam-si-go-istetoviral-mojot-lik-vo-strashna-soobrakjajka-smeta-deka-mojata-pesna-go-spasila-01.jpgфото: Инстаграм Тајзи

Драган Величковски, попознат под сценското име Tyzee (Тајзи) објави фотографија на која негов фан го има истетовирано неговиот лик на себе.

Но, зад овој потег тој открива многу емотивна приказна.

Објавата на Тајзи:

„Тетоважа со ликот на Тајзи и има приказна позади ова...

Еден дечко пред неколку години ми пиша пред концерт дали може да направиме муабет и испиеме еден пијалак.

Ми објасни дека имале страшна сообраќајна незгода, по која автомобилот завршил во отпад. Полицијата се чудела како е можно да нема повредени.
На радио во тој момент одела мојата песна „Чувај ни га Боже“... Тој е убеден дека токму тоа ги спасило, почувствувале некоја чудна енергија.

Му кажав Бог понекогаш дава втора шанса, сега имаш и мисија и почни да го работиш тоа што срцето навистина ти го сака.

Ме послушал, почнал да тетовира и да работи, па пред некое време ми ја прати сликава и ми кажа:
‘Ова е најмалку што можев да направам за тебе кралу.’

Сам себе се истетовирал во знак на почит кон моето дело. Солзите сами почнаа да течат.

Мојата музика не е само песна, туку многу повеќе од тоа. Јас не сум ѕвезда и никогаш не сум бил! Јас сум само сонце, кое грее души како што е оваа, и ги инспирира да станат најдобрата верзија од себе.

И не ми треба статуетки и награди, ова е мојата награда. Слава на Бога.“

Инаку, песната „Чувај ни га Боже“ Тајзи ја отпеа на кумановски дијалект во 2014 година и ја посвети на неговиот починат другар Гешо.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Тајзи откри дека ќе стане татко, 4 месеци откако ја запроси саканата: „Господ нè благослови со најуб... „Наскоро ќе станеме родители“ – напиша Тајзи во описот на фотката на која ја бак...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...

Најчитани неделава