Наша медицинска сестра, по првата трансплантација на црн дроб, ја доловува ситуацијата од операционата сала: „По 40 часа неспиење, адреналинот нé одржа на нозе“

Одамна немало толку позитивна енергија, радости, честитки и среќа во Оперативниот блок. Напишавме историја. Креиравме почеток.

Како што си велевме: Еднаш мора да се почне. Можеме и мораме.

Благодарност прво до фамилијата на донорот, им ја посакувам сета среќа и здравје. Во најтешките мигови да помогнат на други. Таква особина на несебичност и волја да се помогне кога губиш близок е одлика која ја имаат само ретките на овој свет, посебните. Секоја чест и само убавини да доживуваат.

Благодарност до примателот кој се согласи да ни го довери животот во наши раце, знаејќи дека ќе биде прв пациент во овој вид трансплантација. Посакуваме да ги помине успешно и оние најтешки чекори понатаму под закрилата на одличните анестезиолози и сестри во постоперативниот период, и да си го прифати организмот новиот орган и да си добие нов живот.

Благодарност до сите колеги, сите вклучени во приказнава кои помагаа, даваа поддршка, доаѓа и со стиснати палци ни велеа - Ајде среќно, до колегите кои ни носеа вода или кафе и се грижеа да издржиме, кои нè прашуваа како си, дали треба нешто, браво, секоја чест. Зборови кои во такви моменти се лек и стимул да се издржи.

nasha-medicinska-sestra-po-prvata-transplantacija-na-crn-drob-po-40-chasa-nespienje-izmorena-iscrpena-gorda-sum-shto-bev-del-od-timot-07.jpg

Фала му на адреналинов што нè одржа сите бистри, на нозе, растрчани, концентрирани, без паника, убаво нè излупа сите, ќе осетиме колку нé раздрмал по некое време, уште имаме големи резидуи во нас.

Фала на сите.

На сите. На сите што веруваа, на сите кои сфатија колкав чекор е ова за нас, пионерчиња во нешто ново, нешто за нас „недостижно“, но со среќа и чест да бидеме дел од приказнава. Голема приказна, голема, долга, но важно со среќен крај.

Покажавме и докажавме дека само упорноста и желбата се најважни. Ако се доволни силни и големи, колку време и да помине не може да уништи желба, само ќе донесе немерлива количина на среќа, која ете ние имавме чест да ја осетиме.

Вечно ќе го паметам денов, како член на Првата трансплантација на црн дроб, и тие 3 минути каде една секунда ми беше како година…

Честитки… На сите нас. Да се мери среќата во крвта, сега само среќа и гордост ќе ни измерат…

Повеќе фотографии од историскиот миг, објавени од Вики:

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Миро Кацаров ја направи првата од двете свадби: „Ивана носеше фустан како Северина, од црква отидовм... „Со Ивана се венчавме во една од најубавите цркви во Скопје, Св. Јован Крстител ...
Кои се најпознатите браќа на македонската јавна сцена? Успешни музичари, одлични спортисти... Кои се најпознатите браќа на нашата јавна...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Јелена Спенџарска на одмор на островот Џерба во Тунис со сестра си - позира со камили на плажа, се ц... „Поздрав од Џерба, мирно место со долги песочни плажи, идеална клима, луѓето кро...
Тина од Скопје со трогателна објава: „Бев дете, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и ја глед... „Бев дете, 3 години, стоев на балконот од нашиот стан на Рекорд и секогаш вниман...
Сара е наша кул невеста со бисерни чевлички и тексас јакна со натпис, во склад со младоженецот (фото... „Буквално два дена пред нашата венчавка отидовме да бараме што да носиме - сакав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg