Приказната за едно од најстарите дрвја во Македонија, 5-вековен јавор во село Теово

„Одамна, таму некаде во 15 век во ова место дошол некој Турчин. Сакал да остави белег дека бил тука. Засадил млада фиданка од јавор, а знаеме дека тој е симбол на вековитост и долготрајност. По седум векови од тогаш таа фиданка е нашиот симбол на селото“, велат оние малкумина кои ќе ги сретнете под јаворот во велешко Теово.

prikaznata-za-edno-od-najstarite-drvja-vo-makedonija-5-vekoven-javor-vo-selo-teovo-01.jpg

Локалците велат, симболот на велешкото село Теово е висок 30 до 40 метри, со пречник во основата на трупот од 2 до 3 метри.

Ако некогаш под крошната на столетното дрво се собирале генерации, сведоци на различни времиња, денес скоро и да нема никој.

Станува збор за јавор, кој како некогаш, така и ден-денес му пркоси на времето додека се разгранува низ вековите.

„Одамна, таму некаде во 15 век во ова место дошол некој Турчин. Сакал да остави белег дека бил тука. Засадил млада фиданка од јавор, а знаеме дека тој е симбол на вековитост и долготрајност. По седум векови од тогаш таа фиданка е нашиот симбол на селото“, велат оние малкумина кои ќе ги сретнете под јаворот во велешко Теово.

javorot-vo-teovo-raskazuva-vremeplov-od-7-veka-no-nema-veke-koj-da-slusa-02.jpg

Петре Трајкоски, родум од тука, од местото каде Македонија го има едно од најстарите и најголемите дрвја, за CRNOBELO.com вели:

„Јаворот сам се крои, сам се чува. Ретко кој доаѓа и да го види, а не пак да го заштити. Да беше некаде во светот ќе беше вистинска туристичка атракција, кај нас ништо од тоа“.

Низ тесните сокаци на Теово може да слушнете многу легенди и преданија за тоа кој точно и како го насадил јаворот.

Една меѓу оние повеќе раскажуваните е и таа дека фиданката е насадена од првиот доселеник. Неговото име денес го носи селото.

javorot-vo-teovo-raskazuva-vremeplov-od-7-veka-no-nema-veke-koj-da-slusa-03.jpg

Како што одминува времето, така мештаните кројат приказни за јаворот со гранки кои се вистински тешки стебла кои неуморно надвиснале среде село.

А тука, баш на среде село, јаворот посведочил бројни денски и ноќни седенки.

„Кога бевме деца, а тоа значи и не така скоро, немаше празник, а под јаворот да не се соберат стотици луѓе. За поголемите слави и празници доаѓаа луѓе од целата околина на Општина Чашка. На нас децата ни врзуваа лулашки на големите гранки“, со носталгија на едни времиња се сеќава Трајкоски.

javorot-vo-teovo-raskazuva-vremeplov-od-7-veka-no-nema-veke-koj-da-slusa-04.jpg

Под јаворот кој неуморно брои седум века веќе нема кој ниту да доаѓа, ниту да се собира. Трајкоски со воздишка вели дека младите еднаш засекогаш го напуштаат Теово. Еднаш засекогаш му вртат грб и на родното огниште и на столетниот симбол на местото.

Го знаете ли вие ова дрво? 

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Д. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Доктор Горан откри дека доби втор син со забавно видео: „Сакам да ви претставам еден дечко што и јас... „Денес сум во болница, но во цивил. Сакам да ви претставам еден дечко што и јас ...

Најчитани неделава