Македонка е хит на Инстаграм со пародии: „Не сакам да работам, потребен ми е богат дечко – имам термини за нокти и коса“

„Јас не сакам дечко што ќе ми испраќа подароци на работа – јас не сакам работа. Ми треба дечко ми да ме разбере дека имам термин за нокти, имам термин за коса, термин за ботокс“ – вели во своето видео Македонка која прави пародии на Инстаграм.

ne-mi-treba-dechko-da-mi-prakja-podaroci-na-rabota-ne-sakam-da-rabotam-makedonka-hit-na-socijalnite-mrezhi-so-parodichnite-videa-01.jpg

Саркстични, смешни и зајадливи – видеата објавени на Инстаграм профилот senorita.misteriosa ќе ве насмеат до солзи.

Зад профилот стои наша Македонка која објавува видеа, а во описот на профилот пишува:

„Моите видеа не се наменети за никој, АМА ако чевличката ти е точна, тогаш носи си ја Пепелашке.“

За Валентајн таа објави едно видео, што масовно се споделува на социјалните мрежи и стана вистински хит.

„Јас не сакам дечко што ќе ми испраќа подароци на работа – јас не сакам работа. Ми треба дечко ми да ме разбере дека имам термин за нокти, имам термин за коса, термин за ботокс. Јас немам време да работам 40 часа неделно. Имам соништа што сакам да ги остварам“ – вели таа во видеото.

Видеото масовно се споделува на социјалните мрежи, а коментарите за него се најразлични:

„Се надевам дека трола“, „Оваа бара богат маж“, „Се зеза бе, нели гледате“, „Ова е пародија“, „Гарант ги трола сите“ - стои во дел од коментарите под видеото што е споделено на Твитер.

Но, вистината е дека видеото е само едно од многуте пародиски содржини што авторката ги објавува на својот Инстаграм профил.

ne-mi-treba-dechko-da-mi-prakja-podaroci-na-rabota-ne-sakam-da-rabotam-makedonka-hit-na-socijalnite-mrezhi-so-parodichnite-videa-02.jpg

Во некои од другите видеа, таа споделува совети за тоа на што треба да внимавате кога бирате мажи, а целта, како што може да се види, е да се насмееме добро и да ја сфатиме иронијата на некои од ситуациите.

„Девојки ако сакате да имате успешна врска, потребни ви се само 4 работи. Најди маж што ќе те направи среќна. Најди маж што ќе ти купува подароци. Најди маж што ќе те поддржува тебе и твоите амбиции. Најди маж што е искрен и лојален. Ама, најважно од сè е овие четворица мажи да не се познаваат меѓу себе“ – вели таа во едно од видеата.

Погледнете дел од нејзините видеа во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава