Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Милица (18) од Кавадарци за „Ѕвездите на Гранд“: „Мили е одличен ментор, ќе настапам во уште похрабар аутфит“

„За вакво големо шоу како „Ѕвездите на Гранд“ сметав дека треба да се пријавам кога ќе наполнам 18 години затоа што оваа голема сцена не бара скромност, напротив бара нешто необично, несекојдневно“, вели Милица Ризо Трајков (18) од Кавадарци за CRNOBELO.com. Таа е ученичка во 4-та година и најавува уште посмели креации.

milica-rizo-trajkov-18-za-dzvezdite-na-grand-mili-e-odlichen-mentor-kje-nastapam-vo-ushte-pohrabar-autfit-01.jpg

Милица Ризо Трајков (18) од Кавадарци е ученичка во 4-та година во гиманзијата „Добри Даскалов“ Кавадарци.

Таа остави силен впечаток со последниот свој настап во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, односно со нејзиниот смел аутфит.

Во слично издание ја видовме и во претходниот круг.

milica-rizo-trajkov-18-za-dzvezdite-na-grand-mili-e-odlichen-mentor-kje-nastapam-vo-ushte-pohrabar-autfit-04.jpgПретходниот круг

Милица за CRNOBELO.com вели:

„Првите почетоци со музиката ми се уште од најрана возраст на 5 години со настап на детскиот фестивал „Гроздоберче”. Од таму започна сè.

milica-rizo-trajkov-18-za-dzvezdite-na-grand-mili-e-odlichen-mentor-kje-nastapam-vo-ushte-pohrabar-autfit-02.jpg

Мојот талент го откри мојата мајка и од тогаш до ден денес моите родители ми се најголемата поддршка. Талентот кој го поседувам ми е наследна особина од мајка ми.

За вакво големо шоу како „Ѕвездите на Гранд“ сметав дека треба да се пријавам кога ќе наполнам 18 години затоа што оваа голема сцена не бара скромност, напротив бара нешто необично, несекојдневно.

milica-rizo-trajkov-18-za-dzvezdite-na-grand-mili-e-odlichen-mentor-kje-nastapam-vo-ushte-pohrabar-autfit-05.jpgОвој круг

На сцената секогаш се трудам да изгледам совршено. За стајлинзите во изминатите три круга се грижи цел тим, со кој заеднички одлучуваме да се претставам во најдобро светло.

Инспирацијата за стајлингот секогаш ми е во склоп со музиката.

milica-rizo-trajkov-18-za-dzvezdite-na-grand-mili-e-odlichen-mentor-kje-nastapam-vo-ushte-pohrabar-autfit-06.jpg

Планови за во иднина имам многу, но имам само 18 години и животот е пред мене. Верувам во себе и во моите амбиции и се надевам на голем успех.

Мој ментор е Александар Милиќ Мили, кој е одлична личност. Со него буквално работиме и на пеење и заеднички одлучуваме за стајлингот. Воглавно фокусот секако е насочен на пеењето.

milica-rizo-trajkov-18-za-dzvezdite-na-grand-mili-e-odlichen-mentor-kje-nastapam-vo-ushte-pohrabar-autfit-07.jpg

Пробите често се во живо, но доколку не сум во можност поради училишните обврски да патувам во Белград, пробите се одвиваат онлајн.

milica-rizo-trajkov-18-za-dzvezdite-na-grand-mili-e-odlichen-mentor-kje-nastapam-vo-ushte-pohrabar-autfit-03.jpg

По последниот настап се крена толку голема прашина околу мојот стајлинг.

На коментари од кој било тип бев спремна уште пред да влезам во шоуто. Нема да дозволам некои од коментарите да ми влијаат за следниот настап, напротив ќе излезам уште похрабро со повозбудлива креација.“

Повеќе фотографии од Милица на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филип Пецовски од „Ѕвездите на Гранд“ чека дете - откри со видео од Козјак и капче со натпис „тато“ „1 + 1 = 3“ напиша пејачот и со видео, со прекрасна позадина на Козјак, со сакан...
Милица и Антон направија бајковита свадба во природа во струмичко, со патека со 500 бели рози (фото) Милица (28) и Антон (28) Шопови, доктори по општа медицина, од Ново Село, струми...
Стомачен танц, „заразен“ ритам и стихови – Новата песна на ДНК, Бока Конга и Мишел Трајковски ќе ве ... „Ма нека збори цела чаршија...“ Ова се стиховите што сигурно ќе ги слушаме и ќе ...
Новинарката Александра Спировска е кул невеста со 2 аутфита - ќерката од бракот со Пере Нокаут ѝ пее... Новинарката Александра Спировска, која зад себе има два брака, викендов се омажи...
23-годишната Мартина ја претставува Македонија во светот на уметноста – ќе биде дел од голема изложб... 23-годишната Мартина Трајковска од Скопје, денеска патува за Трст, Италија - кад...
Се ожени Филип Пецовски од „Ѕвездите на Гранд“ - Невестата со впечатлив стил, пејачот во црно-бело о... Неколку дена по свадбата, Филип сподели фотографии на својот Инстаграм, со еднос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg