Заеднички одмори, забави до зори - Македонски јавни личности кои се неразделни и приватно (фото)
Каролина Гочева и Елена Ристеска, Лила и Зоки Фаци, Тино и Атанас, Мартија и Иван Јованов - постојат некои пријателски парови на македонската јавна сцена кои се искрени и траат со години и од соработка прераснале во вистински пријателства.
Сте се запрашале ли дали јавните личности кај нас навистина се дружат или само се сликаат заедно за на социјалните мрежи?
Нешто што почнало како деловна соработка, случајна средба на јавен настан или на некое патување, кај некои јавни личности прерасна во искрено пријателство.
Е тоа пријателство не знае за љубомора и ставање сопки, туку е вистинска другарска поддршка, одење на заеднички одмори, кафиња, излегување до зори на забави, славење родендени и семејни мигови.
Кои македонски јавни личности се дружат и надвор од сцената?
Лила и Зоки Фаци
Весна Бејби Петрушевска и Игор Џамбазов
Антониа Гиговска и Даниел Николовски
Елена Ристеска и Каролина Гочева
Дарко Димитров и Роберт Билбилов
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:


