„Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања. Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме...“ – стои во објавата на официјалната Фејсбук страница на училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“ од Скопје. Соучениците и наставниците, но и целата македонска јавност се простуваат од девојчето чијшто живот прерано згасна.
Пред веста за трагичната смрт на Вања Ѓорчевска, која ја потресе јавноста, а по која цела Македонија не престана да објавува нејзини фотографии, Перо Антиќ ги одведе синовите во Маврово, а Ламбе Алабаковски објави ретка фотографија со сопругата Магдалена.
Калиопи, Тоше, Ноне, Симон Трпчески, Васил Гарванлиев и уште многу познати музички имиња во Македонија, својата кариера ја започнаа токму на фестивалот за детски песнички „Златно славејче“...
Ја одбележуваме овогодинешната кампања „16 дена активизам против родово насилство“ во запрепастувачки околности. Една од три жени ширум светот доживува насилство од партнер или сексуално насилство во текот на својот живот. Ова е без оглед на нејзиното минато, култура, етничко потекло, возраст или религија. Ова се случува во 21 век . Во овој поглед, Северна Македонија не е исклучок.
Ноне откри дека додека јавале камила, мажот кој ги водел се ценкал со нив колку пари ќе им наплати, но покажа и како изгледаат камповите со камили и коњи каде сите чекаат туристи, а со тоа го долови Египет...
На концертот ечеа „Ноќна Кралица“, „Спаси ме“, „Фројд е жив“, „По навика“, „Скопските девојки“, „Допри ме“, „Прашина“, „Мачка со 9 животи“, а публиката пееше на цел глас и покажа дека ѝ недостигаат вакви случувања, на едно место да ги видат своите омилени пејачи и да се сетат на едни од најубавите времиња на македонската сцена.
Четирите мали борци од Штип, кои се родија во 31-вата гестациска недела и имаа околу 1.200 грама, конечно се пуштени од болница и здрави си заминаа дома со своите родители.
„Фамилијата е таа со која растеш“ – рече Кристина Димитри на прашањето дали Даниел Кајмакоски е вклучен во животот на нивниот син Давид. Како што вели, нејзиниот син не го запознал својот полубрат.
Христијан Стојаноски, Павле Николовски, Стефан Спирковски, Никола Андоновски – згодни, млади убави и иднината на македонскиот машки моделинг. Знаете ли кои се најзгодните манекени во Македонија?
Именден слават Матеј, Матеја, Мате... Кој бил светиот апостол Матеј и што треба да направите на овој ден?
Скоро 30 часа откако 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје е видена последен пат, Министерството за внатрешни работи и официјално ја прогласи за исчезната личност.
Вчерашниот ден беше најтежок за сите вработени во Скопје ЗОО. Ненадејно, на 44 години не напушти нашиот сакан и почитуван колега зоо негувател Ристе Трајковски.
„Сите деца ја сакаат. Вчера сите родители се ангажираа во барање. Денес децата лепат постери и ја бараат“, кажа за CRNOBELO.com мајката на исчезнатата Вања, Зорица Ѓорчевска.
Веста за угинувањето на жирафата Флопи остави чувство на празнина и тага кај сите оние кои со години доаѓаа во зоолошката и ѝ се радуваа и неа, и на Каспер и Тобого – жирафите кои имаа можност да...
„Еднаш кажав дека си гордост на Македонија, но денес јас сум горд што сум Македонец. Оваа песна е македонска химна и мене и на сите Македонци ни е една од најубавите. Ова е песна на Александар Сариевски и мислам дека и тој ќе биде горд што Барбара вака ја претставува Македонија“, кажа Дарко Димитров.
Антониа Гиговска објави нов хит, а се врати и на настапите во живо. За својот прв настап избра аутфит во бојата која е вистински хит сезонава, а изгледаше гламурозно, благодарение на смелиот црвен кармин и синиот ајлајнер...
Мартин Филиповски, едниот од близнаците од дуото „Некст тајм“ е на романтично патување во Рим со сопругата Андрeа - парот ужива во прошетките и италијанските специјалитети.
„Од денес па сѐ до вечноста, овој мурал во Дебар Маало секојдневно ќе нѐ потсетува на мојот татко“ – напиша Игор Џамбазов до видеото од муралот кој никна во центарот на Скопје во чест на Александар Џамбазов. Уметниците веќе се подготвуваат за настанот што ќе се одржи во негова чест.