Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Црвен фустан и црвен кармин: Антониа Гиговска гламурозна во бојата што е хит сезонава

Антониа Гиговска објави нов хит, а се врати и на настапите во живо. За својот прв настап избра аутфит во бојата која е вистински хит сезонава, а изгледаше гламурозно, благодарение на смелиот црвен кармин и синиот ајлајнер.

crveni-usni-i-sin-ajlajner-antonia-gigovska-glamurozna-vo-bojata-shto-e-vistinski-hit-sezonava-01.jpg

По неколкумесечна пауза, Антониа Гиговска повторно се враќа на настапите во живо, гостувањата во емисии и создавањето нова музика.

Пред само неколку дена таа повторно ја освои македонската и српската публика со песната „Брига ме“, која за брзо време стана хит и на Јутјуб за само 7 дена има над 85.000 прегледи.

На Инстаграм, пак, младата пејачка сподели фотки од нејзиниот прв настап по подолгата пауза.

На 24-ти месецов, Антониа имаше настап во Струмица, а на Инстаграм сподели фотки од нејзиниот аутфит. За почетокот на новата турнеја низ македонските градови, Антониа се одлучи за гламурозен изглед во бојата која е вистински хит сезонава.

Таа на себе носеше краток црвен фустан и црвени чевли, а до фотографиите напиша:

„Струмица. Најгласни како и секогаш, а мене секогаш посебно ме пречекувате. Се гледаме пак, едвај чекам“.

Младата пејачка одбрала и кармин со слична црвена нијанса.

Шминкерот Даниел Јовановски сподели неколку фотографии кои покажуваат како одблиску изгледа гламурозната шминка што ја направил за нашата убава пејачка, со син ајлајнер и црвени усни.

Прочитајте и Црвена како цреша – Како Македонките ја носат бојата што е вистински тренд оваа есен?

Погледнете повеќе фотки од Антониа во продолжение:

crveni-usni-i-sin-ajlajner-antonia-gigovska-glamurozna-vo-bojata-shto-e-vistinski-hit-sezonava-02.jpg

crveni-usni-i-sin-ajlajner-antonia-gigovska-glamurozna-vo-bojata-shto-e-vistinski-hit-sezonava-07.jpg

crveni-usni-i-sin-ajlajner-antonia-gigovska-glamurozna-vo-bojata-shto-e-vistinski-hit-sezonava-06.jpg

crveni-usni-i-sin-ajlajner-antonia-gigovska-glamurozna-vo-bojata-shto-e-vistinski-hit-sezonava-05.jpg

crveni-usni-i-sin-ajlajner-antonia-gigovska-glamurozna-vo-bojata-shto-e-vistinski-hit-sezonava-04.jpg

crveni-usni-i-sin-ajlajner-antonia-gigovska-glamurozna-vo-bojata-shto-e-vistinski-hit-sezonava-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Хит видео на Македонка: Кога ќе го прашам сопругот што сака за ручек, па ќе му зготвам едно „не знам... Ивана од Прилеп, откако се избори со ракот, снима забавни видеа. Последното глас...
„Цел на тато“ - Антониа Гиговска и Роберт Спасенцовски уживаат на одмор со синот Пејачката за време на одморот внимава на секој чекор на синот, а нејзиниот сопру...
Хит видео: По Петар со грашокот, во Македонија стана хит детенце што бара маслинки од мајка си Извидникот Петар сите добро го помните, а сега друго детенце слатко ја насмеа Ма...
Антониа Гиговска со бели веѓи и трепки за новиот спот: „Снимавме 3 дена во Египет, најзабавна беше с... Откако во претходниот спот беше со куса коса, Антониа се реши за нова трансформа...
Хит видео: Македонка со секира отцепи парче мраз и влезе во ледената вода Бетика, облечена во црно монокини, кршеше замрзнато езерце среде планина и влезе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg