Македонски музички ѕвезди кои пееја на „Златно славејче“ - Ги помните ли нивните песни?

Калиопи, Тоше, Ноне, Симон Трпчески, Васил Гарванлиев и уште многу познати музички имиња во Македонија својата кариера ја започнаа токму на фестивалот за детски песнички „Златно славејче“. Се сеќавате ли на нивните песни?

koi-popularni-muzichari-od-makedonija-imaat-peeno-na-zlatno-slavejche-gi-znaete-li-ovie-pesnichki-01.jpg

„Златно славејче“ е најстариот детски музички фестивал на Балканот и вториот најстар во Европа.

Фестивалот бил основан во ноември 1970 година од страна на неколку членови на Советот за грижа и воспитување деца, и тоа: композиторот Александар Џамбазов, поетот Васил Пујовски и Благоја Јордановски.

На почетокот песничките се изведувале во живо, со ревиски оркестар, а потоа се преминало на плејбек.

Генерации и генерации растеа и сѐ уште растат со најпопуларните детски песни како „Ах, тој крокодил“, „Градот убав“, „За сите деца да биде сонце“, „Еј гулаби, гулаби бели“, „Ех, тој Тоше“, „Никола, Никола“ и многу други. 

Ова се популарните личности од Македонија кои како деца пееле на овој фестивал:

Тоше Проески

Нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески настапи на „Златно славејче“ во 1992 година со песничката „Јас и мојот дедо“, испеана на влашки јазик.

Калиопи Букле

На „Златното славејче“ 1976 година, кога Калиопи била 4-то одделение, го отпеала големиот хит „Учителке најсакана“.

Симон Трпчески

Маестро Симон Трпчески ја испеа песничката „Чудна случка“ на овој фестивал во 1987 година.

Влатко Илиевски

Песничката „Еј, Наташка“ беше изведена на „Златно славејче“ 1997 година од страна на пејачот Влатко Илиевски.

Продолжува на следната страница



Би можело да ве интересира:

Ноне Неделковска во едно од најмагичните места во Италија: „Сан Џимињано, прекрасен агол од Тоскана“ „Само уште еден прекрасен агол од Тоскана. Овој се вика Сан Џимињано“, напиша Но...
Ноне наполни 39 години: „Сонувам да го истражам светот со посилна половина и, ако Бог даде, со мои д... „Благословена сум што посетив 75 земји, прво преку мојата музичка кариера, а пот...
Денес се слави Св. Архангел Михаил – Ангелот кој одлучува кој ќе биде спасен, а кому му чукнал судни... Православните христијани на 21-ви ноември го празнуваат празникот Свети Архангел...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Почина таткото на Васил Зафирчев, актерот скршен од болка - И Калиопи му посвети порака: „Патувај та... „Денес, боли само времето непоминато со него, пропуштените мигови, неслучените п...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...

Најчитани неделава