„Секое враќање на кратко или на подолго во моето Куманово за мене е посебно чувство затоа што ги среќавам оние лица што ме враќаат наназад низ годините и ме потсетуваат на сите убави моменти“, вели актерот Сашко Коцев во серијалот „За мојот роден град“ за CRNOBELO.com.
Пред 4 години за првпат запеа дуото Дац и Александар Митевски, а сега тие двајца годишнината ја прославија со семеен викенд и покажаа од каде ја црпат енергијата, волјата и инспирацијата за да креираат нова музика.
„Имавме ситуација кога една мајка не можеше да се искачи на десетина минути пред крај (ѝ беше прво искачување со бебе) и јас го зедов бебето во мои раце додека таа да се стабилизира за да може да продолжи. Нема срам. Кој има мака ќе си побара помош“, вели планинарката Ирина Камилоска, која од неодамна се организира со други мајки со бебиња и заедно одат до Средно Водно.
Пред извесен период најави нови музички проекти, а во меѓувреме Раде Врчаковски Врчак ужива во овошје и вкусни десерти на одмор.
Пејачот Васил Гарванлиев вчеравечер (12.09) одржа емотивен концерт во Куршумли Ан во Скопје. Пред скопската публика, тој го почна своето музичко патување кое ќе продолжи во Струмица утревечер (14.09), а потоа со проектот ќе има турнеја низ неколку градови во САД и Канада.
„Кучето ми го даде другар и јас го засакав како член од семејството“ – раскажува Илија за тоа како го вдомил своjот миленик Дикси (2). Илија вели дека како и секој член во семејството, така и Дикси добил убава торта по повод неговиот роденден.
„Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние регуларните ‘глуп, деген и слично’ туку онака баш грозен коментар кој не го смислува дете од 11 години, освен ако не му е кажано дома. И не бил само тој жртва на вербален булинг. На мојот обид да се објаснам, мајката на детето ме блокираше на Вибер“, вели Миа Костова и откри дека нејзиниот син бил жртва на врснички булинг.
„Во свет полн со Барби и Wednesday, горд сум што избра да бидеш Wonder Woman. Среќна 5-ка Илина, вечно насмеана и среќна да си ни“, напиша Димитар Атанасовски во роденденската честитка за својата ќерка.
Дел од македонските репрезентативци во одбојка не откриваат дали се во врска или сингл, а други, пак, гордо ги покажуваат сопругите и децата, кои се постојано со нив на трибините и ги бодрат на секој натпревар.
„За мене Бигорскиот манастир е најубавиот манастир и има нешто посебно што ме поврзува со тоа место. Како мала ме носеле моите родители, а јас и денес знам со нив или со пријателите да одам и да го посетам. Ова го знаеше мојот дечко Душко, кој одлучил прашањето „Дали сакаш да ми бидеш жена?“ да ми го постави токму“, вели Ивона Нацевска за CRNOBELO.com.
„Три прекрасни дена во секогаш најубавиот Охрид“, напиша Каролина Гочева и објави серија фотографии од деновите поминати во македонскиот бисер.
Даниел Кајмакоски навива со синот во раце, Светлана Црнокрак блеска во црно монокини, Роберт Билбилов повторно во прегратка со саканата Лејла Рамковска, а каратистката Моника Стефановска објави дека е трудна (во осмиот месец) со фотка и опис: „Љубовта го заоблува стомачето“...
Кои познати Македонци зад себе имаат по еден, а кој по 4 неуспешни бракови? Кој од нив успеал повторно да ја најде среќата, а кој нема намера повторно да застане пред олтар?
Сите се сеќаваат на неговата изјава дека омилено место за секс му е ринглата, а потоа го доби и прекарот Кико Рингла. Денес живее далеку од Македонија, а гради кариера во ресторанот на еден од најпознатите готвачи во светот. Каде е и што прави Христијан Тодороски од „Македонски Идол“?
Фотографот Александар Алексовски од Скопје одлучи да го обележи Денот на независноста на Македонија со фотографија која сведочи за една од природните убавини на нашата држава, езерото Козјак.
Од Тијана Дапчевиќ и Катарина Ивановска, до Натали Грубовиќ и Светлана Црнокрак... Колку се високи највисоките познати дами во Македонија?
„Горниот дел од облеката го купив како обичен бел топ, па купив бисери и школки и го везев сама. Школките и бисерите ми беа неизоставен дел кога веќе темата беше сирена и вода...“, открива Јована Трајковска (25) од Свети Николе за CRNOBELO.com, која секоја година си организира тематски роденденски фотосесии.
„Бетмен во Македонија“ – напиша Сомалиецот кој подолго време престојува во Македонија и споделува видеа од забавните места во нашата земја. Тој неодамна ја посети и Бетмен куќата во Радовиш.