Каде е денес и што прави Христијан Тодороски, кој настапуваше во „Македонски Идол“?

Сите се сеќаваат на неговата изјава дека омилено место за секс му е ринглата, а потоа го доби и прекарот Кико Рингла. Денес живее далеку од Македонија, а гради кариера во ресторанот на еден од најпознатите готвачи во светот, Salt Bae. Каде е и што прави Христијан Тодороски од „Македонски Идол“?

kade-e-denes-i-shto-pravi-hristijan-todoroski-koj-nastapuvashe-vo-makedonski-idol-01.jpg

Многумина го помнат Христијан Тодороски кој учествуваше во „Македонскиот Идол“, а заради изјавата дека омилено место за секс му е ринглата, го доби и прекарот Кико Рингла.

По „Идол“ потпиша договор со продуцентската куќа „Mak Music“ на Јован Јованов и Кристијан Стефановски, по што следуваа голем број настапи низ македонските клубови.

kade-e-denes-i-shto-pravi-hristijan-todoroski-koj-nastapuvashe-vo-makedonski-idol-02.jpg

Во 2013-та година учествуваше и во реалното шоу „Фарма“, но во последните 10-тина години се чини дека се повлече од јавноста.

Факт е дека Кико и до ден-денес не се откажува од музиката и од пеењето, но тоа го прави многу подалеку од родниот Прилеп и Македонија.

kade-e-denes-i-shto-pravi-hristijan-todoroski-koj-nastapuvashe-vo-makedonski-idol-03.jpg

Кико во последните неколку години почна многу поактивно да се занимава со угостителството, а пред неколку години одлучи да си замине од земјава и среќата да си ја побара во Обединетите Арапски Емирати, каде што и денес работи.

kade-e-denes-i-shto-pravi-hristijan-todoroski-koj-nastapuvashe-vo-makedonski-idol-04.jpg

Според објавите на социјалните мрежи Кико променил неколку работни места, а денес ја има можноста да работи во ресторанот на еден од најпознатите готвачи во светот Salt Bae, а според неговиот LinkedIn профил пред околу еден месец бил унапреден во „супервајзор“ и асистент.

Освен што работи во ресторанот, Кико сè уште ги користи можностите и да ја гради својата музичка кариера, па така во март месец годинава токму тој го отвори концертот на Ана Бекута, каде во публиката беа собрани голем број гледачи со потекло од земјите од поранешна Југославија.

Погледнете повеќе фотографии oд Христијан на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Каде е и што прави денес Угро? „Ах, 90-тите и 2000-тите години беа убави за живеење. Инаку, моментално сум...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Каде е и што прави денес Бети Јовановска - девојката од „Идол“ со моќен глас? „Се дружев со сите учесници во шоуто, со луѓе од организацијата, камермани, води...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Каде е и што прави денес Фифи Јаневска, која настапуваше во „X фактор“? „Работата е што луѓето секогаш имаат различни мислења и верувања за вас. Тоа е в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg