Во првата бременост, Тамара Тодевска позираше во топлес издание со сосема поразличен имиџ од втората, Туна позираше како божица, а Миа Костова на шега се нарекувала „топка со точки“ – како изгледаа познатите дами во улога на трудници?
„Ако не сте биле на македонска свадба, пронајдете пријател од Македонија и омажете/оженете се во тоа семејство. Среќен сум за моето ново македонско семејство и сите луди традиции кои допрва ќе ги запознаам и ќе им се радувам“, вели Локи Гилберт од Австралија, кој е оженет за Македонката Ирена.
Даниел Кајмакоски секогаш вели дека децата се најголем благослов, а сега објави фотографија на која ужива во мирисот и допирот на новороденото синче Стефан, кое го доби со втората сопруга.
„Таа не знаеше воопшто ништо, ни малку не помисли на тоа. Момците од ресортот цел ден макотрпно работеа на високите температури и ја блокираа целата плажа за нас. И токму тогаш со солзи радосници во очите го добив најубавото 'да',“ - раскажа Бобан Павлов од Велес за CRNOBELO.com.
„Запросувањето беше за време на нашето крстарење од 8 дена каде ги посетивме Италија, Шпанија и Франција. Крузеров е магичен, воодушевувачки е секој дел во него и искрено пресреќна сум што запросувањето се случи токму тука, на мојот омилен датум 9-ти мај, по 9 години врска“, вели Ивона (25) од Тетово за CRNOBELO.com.
Кога има креативност и желба за експериментирање, тогаш од старите фармерки можете да си направи нов модел, со кој нема да можете да минете незабележано. Чекор по чекор видео упатство од креативната Магдалена...
„Среќна 12-ка тетина прва љубов“, напиша Каролина на Инстаграм во роденденската честитка за нејзината постара внука, Луција.
„Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да донираат плетенка? Јас, пред неколку години си донесов едно непишано правило: на секои 4 години да ја донирам косата, па и годинава го направив тоа“, вели Сара, млада и инспиративна девојка која открива каде да донирате коса во Македонија и да им помогнете на заболените од рак.
„Идејата беше со винтиџ стајлингот да се вклопиме во целокупниот амбиент на Брауншвајг. Главната општинска зграда во градот, каде што се одвиваат венчавките е прекрасна градба во нео-готски стил од 1864 година“, вели Марија Тодоровска (29) од Скопје за CRNOBELO.com, која беше уникатна невеста на регистрацијата со својот сакан Никола.
„Нашата хероина Дени сними спот за нејзината трета песна ‘Пчела’. Мултиталентираната Дени отпеа фантастично, а Атиџе и јас имавме чест да ѝ пееме придружни вокали. Поголемиот дел од сцените се снимени низ медените и житни пространства на Овчеполијата, на терен на Атиџе“, напиша Сузана Турунџиева.
Пејачката со претходна најава точно во 12 часот го откри полот на бебето, таа и саканиот Роберт очекуваат син. Веста ја открија со совршена фотосесија со бебешка облека.
„Четврти ден е во тек акција за спасување на кученце кое влегло (не знам како) во воздушна инсталација. Јас и уште двајца колеги се обидуваме да го спасиме, но душа ни излезе... Значи утре му е петти ден. Не можам да работам, паметот ми е таму“, пишуваше Михајло Тодоровски од Скопје за време на спасувачката акција, која заврши со спасено и нахрането кученце.
Со фустан со длабоко деколте и отсечоци, кој го открива и долниот дел од градите, Сара Мејс позираше во провокативно издание, пред да се појави на настан во син комбинезон.
„Мора да бидам искрен, не знаев многу за оваа земја, но по неколку дена тука можам да кажам дека е апсолутно воодушевувачка. Природата е брилијантна, пејзажите, културата, историјата, храната... Позади мене е Охридското Езеро и ова е една од најубавите глетки што сум ја видел каде било во светот“, вели англискиот новинар Крег Дојл со јавување директно од Канео.
„Многу долго бев во тој некој т.н. кафез, живеев во некоја агонија и сето тоа постојано се вртеше во некој круг... Не сум веќе во брак, односно официјално сум, но повеќе не живеам заедно со сопругот од минатата година“, изјави Тамара Тодевска и емотивно се отвори во српска емисија.
На промоцијата во Скопје на новиот филм на сопругот, докторката Смиљана се појави во црн аутфит и зрачеше со елеганција покрај саканиот. На настанот блесна и Јелена Јованова Периќ.
Снеже Велков танцува со Спасен Силјановски, македонскиот фолкер чија песна стана вирален хит на ТикТок, а на која танцуваше и Теа Таировиќ, Сања Николиќ и Слаткар открија ретки приватни мигови, односно како поминал 3-иот роденден на нивниот син Моша, Јелена Спенџарска на романтичен одмор во Турција со партнерот.
„Движејќи се сѐ поблизу до нашите пријатели, од далечината забележав разлетани ливчиња рози, романтична музика, балони и мојот партнер кој стоеше чекајќи ме со свеж букет во рацете. Во тој момент, кога го постави прашањето, без двоумење го изговорив најгласното да“, вели Цветанка Стефанова за CRNOBELO.com.