Тамара Тодевска за првпат отворено проговори за разводот: „Најважно од сè е што јас излегов од тој кафез“

„Многу долго бев во тој некој т.н. кафез, живеев во некоја агонија и сето тоа постојано се вртеше во некој круг... Не сум веќе во брак, односно официјално сум, но повеќе не живеам заедно со сопругот од минатата година“, изјави Тамара Тодевска и емотивно се отвори во српска емисија.

tamara-todevska-za-prvpat-otvoreno-progovori-za-razvodot-najvazhno-od-se-e-shto-jas-izlegov-od-toj-kafez-01.jpg

Тамара Тодевска изминатиов период имаше низа интервјуа во српските медиуми за промоција на нејзината нова песна „Нијагара“, а во едно од нив таа спонтано отворено проговори за разделбата со нејзиниот сопруг Александар Димитровски Мачка.

tamara-todevska-za-prvpat-otvoreno-progovori-za-razvodot-najvazhno-od-se-e-shto-jas-izlegov-od-toj-kafez-02.jpg

Во емисијата „Гранд Магазин“, на прашањето од што била инспирирана за текстот на песната таа откри:

„Многу долго бев во тој некој т.н. кафез, живеев во некоја агонија и сето тоа постојано се вртеше во некој круг и така од некој бес излегоа тие зборови од мене и додека пишував сè ми се враќаше....

Сето тоа што ми се случуваше во претходниот период и одлучив да го направам првиот чекор – да излезам од тој кафез и да им кажам на сите дека тоа е многу лесно да се направи, ако навистина сакаш да излезеш од тој кафез...

За сите кои имале проблем со говорот на омраза, за сите кои некогаш биле разочарани, за сите кои некогаш биле погрешно етикетирани, за сите кои имале некоја ситуација во животот, која им изгледала безизлезна...“

tamara-todevska-za-prvpat-otvoreno-progovori-za-razvodot-najvazhno-od-se-e-shto-jas-izlegov-od-toj-kafez-05.jpg

Потоа, на прашањето кои се тие ситуации кои за неа биле безизлезни, Тамара на една од водителките ѝ одговори:

„Што те боли уво?“, прво шеговито, а потоа...

tamara-todevska-za-prvpat-otvoreno-progovori-za-razvodot-najvazhno-od-se-e-shto-jas-izlegov-od-toj-kafez-07.jpg

„Имаше и депресија и сè“, па на прашањето дали уште е во брак вели...

tamara-todevska-za-prvpat-otvoreno-progovori-za-razvodot-najvazhno-od-se-e-shto-jas-izlegov-od-toj-kafez-09.jpg

„Не сум веќе во брак, односно официјално сум, но повеќе не живеам заедно со сопругот од минатата година.

Ние сме и понатаму во супер однос, имаме две деца и се согласуваме подобро отколку кога бевме во брак, така што тоа е супер работа која ја направивме еден за друг.

Но, сите ние ги имаме тие подеми и падови, особено ние жените, постојано имаме разни работи кои ни се вртат во главата и можат да нè доведат во тој безизлезен кафез. Но, реалноста е дека за сè има излез, само треба навистина да го сакате тоа и да верувате во тоа.

tamara-todevska-za-prvpat-otvoreno-progovori-za-razvodot-najvazhno-od-se-e-shto-jas-izlegov-od-toj-kafez-03.jpg

Од тоа не излегов сама, се разбира, тука се пријателите, родителите, психолозите, луѓето кои се стручни за тоа. Мислам, јас не се срамам од тоа.

Најважно од сè е што јас излегов од тој кафез“.

Слушнете го целото интервју (за стиховите на песната „Нијагара“ и разводот почнува да зборува од 3:19 минута):

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тамара Тодевска ѝ ги дупна ушите на ќерка си, Aна Исаиева блеска како некогаш: Што прават нашите ѕве... Моделот Ангела Василевска ужива во Тајланд и се гали со слонови, пејaчката Тамар...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Тамара Тодевска навести дека дошол крај на љубовта со Лука: „Сингл мајка што се состанува одново“ Тамара Тодевска сними шеговито видео со кое најави дека дошол крај на љубовта со...
Македонка се пожали дека маж ја нападнал на улица: „Ти не си за мајка, вака ли се шета дете?!“ „Излегува повозрасен човек од обложувалниците што се кај Палма, ме застанува и м...
Тамара Тодевска за разделбата на родителите: „Се срамев да не дознае некој, а татко ми ми фалеше нав... „Јас бев многу мала, во тој период имав околу 8-9 години кога се разделија. ...
Јован Јованов за музичките почетоци: „Со Магија одевме на часови по танцување, Врчак го запознав на ... „Отсекогаш сум сакал да имам група, не да настапувам сам. Сите мои другари праве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg