Денес е изведена првата трансплантација на црн дроб од починат дарител во Македонија. 60-годишен пациент добил...
Магичните раце на Марјан Петров беа задолжени за изгледот на Јелена Томашевиќ на концертот на Андреа Бочели. „Јелена е прекрасна, а се запознав и со Андреа Бочели и неговата сопруга, кои се исто така многу добри луѓе...“, споделува нашиот стилист директно од Абу Даби за CRNOBELO.com.
„Маж без жена на годината“, се пошегува Игор Џамбазов и уште еднаш покажа колку е вљубен и носталгичен по својата Илина. Потоа, на тема жена на годината, се пошегува и Весна Петрушевска со фотка без грам шминка на себе и со маска на лицето.
„Мојата објава споделена на сите социјални мрежи, плукано, коментирано како да убив човек. Ах бе Македонче, да споделуваше толку за да пофалиш нешто којзнае каде ќе бевме сега. Имам договори со неколку фирми, па морам да ги завршам до крајот на годината затоа ќе морам да бидам тука уште еден месец. После тоа се повлекувам од „отровот“ на Инстаграм пред и мене да ме отруе целосно...“, гласи дел од објавата на Александра Шијакоска, по виралното споделување на нејзиниот скриншот поради кој стана мета на критики.
„Не сакам да се објаснувам многу долго, неколку девојчиња ми пишаа во порака дека и јас користам филтер. Да, јас и сега (додека го снимам видеово за на Инстаграм Стори) користам филтер. Јас користам триста апликации и тоа го кажав на радио, јас 15 години користам апликации, но не се срамам и да се покажам во вистинско светло пред камера...“, гласи дел од објавата на македонската дизајнерка Ива Спасовска со која испраќа апел.
Миа Костова докажа дека со упорност и дисциплина сè е можно и објави фотки од трансформацијата на нејзиното тело по два месеца вежбање, иако порано тврдеше дека не сака да вежба. Браво!
Светлана Црнокрак има две прекрасни ќерки наследнички, исто и водителката Милена Антовска. Велат кога мајката и ќерката ќе се сретнат за првпат, тоа е како да се гледаат во огледало, се согласувате ли?
„Во Грузија давав доста интервјуа, снимав емисии, публиката се фотографираше со мене, и мислам дека комплетно сумирано направив одлична работа и покажав дека и Македонија знае што е светска мода“, споделува дизајнерот Златко Јовановски за CRNOBELO.com и открива како ја доживеал оваа земја.
Фудбалерот Дарко Велковски и неговата сакана Тамара Чуприна уживаат во Рим, а пак Лила уште го истражува Јордан, по крштевањето во водите на реката Јордан, а Перо Антиќ во Маврово, откако се појави на црвениот тепих на „Кајмак“ со Катарина Ивановска.
Водопадот на црниот камен кој ви кажува дали сте грешни, жената во бело која шета на полноќ покрај Вардар, детските гласови кои се слушаат под желeзниот мост, или германската „опседната“...
Вчеравечер (16.11) Скопје беше во полн сјај на мапата на светски метрополи, затоа што се случи црвен тепих, се случи настан каков што нашиот град заслужува, се случи премиерата на „Кајмак“, нашето филмско остварување за кое светот веќе слушна, а за кое допрва ќе зборува, се случи уште едно врвно дело на Милчо Манчевски, уште една врвна изведба на актерската екипа на чело со неверојатно талентирана млада актерка Сара Климоска... Се наздравуваше со црвено вино, се говореше за бурата од емоции кои овој филм ги поттикна во секој од нас. Видни јавни личности, но и вљубеници во филмската уметност го наградија делото на нашиот, а светски режисер со стоечки овации и громогласен аплауз.
„Си организирав тематска забава во мојот двор. На самото место се печеше скара, имав направено бургер бар и секој од гостите сам си го правеше својот бургер. Бидејќи не знаевме дали времето ќе биде на наша страна (ноември е), како дел од декорацијата имаше „ќебе бар“, односно секој да може да земе ќебе и да се стопли“, споделува Христијан Маџовски (28) за CRNOBELO.com.
Стефан Спирковски објави и фотографија како изгледа неговиот телефон кој го носел кога му се случила несреќата. Но, вели дека токму тој го спасил од уште една скршеница плус. „Еве ме дома конечно...“, почнува неговата објава, по напуштањето на болницата.
Лила Филиповска деновиве е на патување во Јордан, а по тешкиот период за кој таа зборуваше дека го преживеала, водителката покажа дека имала и свето крштевање во водите на реката Јордан, односно во водите каде бил крстен и Исус Христос и дека се чувствува прекрасно.
Ќерката на Тамара и Мачка настапи на „Златно славејче“, а Тијана Дaпчевиќ допатува од Белград со синот Вук како поддршка, Лила Филиповска ужива на патување во Јордан, а Андреј од ДНК ѝ го прослави седмиот роденден на ќеркичката.
„Среќен 33-ти роденден“, се пошегува партнерот на Татјана. Татјана Стојановска денес (13.11) го прослави својот 48-ми роденден.
На Попова Шапка денес (12.11) првпат годинава падна снежна прекривка. Кон средината од ноември почнува да се креира вистинска зимска идила таму.
„Вложувам голем труд во изгледот, тренирајќи 5 до 6 пати неделно. Што се однесува до стилот на облекување, сакам да изгледам секогаш посебно и различно, но никогаш пренатрупано, туку едноставно, но авангардно...“, вели Гоце Маротов (30) од Скопје за CRNOBELO.com.