Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Александра Шијакоска се огласи, откако стана мета на твитерџиите: „Македонче, имам донирано 500 пати, но никој не ме пофали“

„Мојата објава споделена на сите социјални мрежи, плукано, коментирано како да убив човек. Ах бе Македонче, да споделуваше толку за да пофалиш нешто којзнае каде ќе бевме сега. Имам договори со неколку фирми, па морам да ги завршам до крајот на годината затоа ќе морам да бидам тука уште еден месец. После тоа се повлекувам од „отровот“ на Инстаграм пред и мене да ме отруе целосно...“, гласи дел од објавата на Александра Шијакоска, по виралното споделување на нејзиниот скриншот, поради кој стана мета на критики.

aleksandra-shijakoska-se-oglasi-otkako-stana-meta-na-tviterdjiite-makedonche-imam-donirano-500-pati-no-nikoj-ne-me-pofali-01.jpg

Александра Шијакоска, наша инфлуенсерка со 61.000 следбеници, деновиве стана мета на критики откако објави скриншот од разговор со девојка, која ѝ бара информација од каде си го купила ременот.

Александра на девојката ѝ ја дава бараната информација, но вели дека не би требало да ѝ ја даде, затоа што не ја следи на Инстаграм, а веќе кога бара нешто од неа, односно да ѝ посвети време и внимание, треба да ѝ стисне барем „follow“ на Инстаграм.

aleksandra-shijakoska-se-oglasi-otkako-stana-meta-na-tviterdjiite-makedonche-imam-donirano-500-pati-no-nikoj-ne-me-pofali-001.jpgИзвор

По ова имаше низа негативни реакции на Твитер, меѓу кои:

Но, имаше и такви кои застанаа во нејзина одбрана:

По лавината од реакции, Александра се огласи на својот Инстаграм профил и на Стори сподели:

„Македонче... Имам донирано над 500 пати, помогнато уште повеќе од 500 пати, ЧУДНО, но никој не споделил да ме пофали.

Без разлика, не го правев тоа за да ме тапне некој по рамо, туку затоа што така бев посреќна. Штом почнав да заработувам си ветив дека 10% или 20% од мојата заработка ќе оди кај луѓе на кои им е потребно повеќе од мене, без притоа да споделам што сè добро сме направиле последните две години.

За жал, поради операцијата морав да го одложам и паузирам истото оваа година.

На почеток споделував, мислејќи дека ќе бидам инспирација за некој да помогне, но последните години престанав и тоа исто поради Македончето кое ќе каже – Го правите ова само за да се пофалите на социјалните мрежи...

Па, направи го и ти и пофали се. Само направи го.

Поентата ми е следна...

Пред два дена вратив на порака како што ми кажуваше душата во моментот, без притоа да навредам некој и да употребам некој погрден збор.
Споделено на сите социјални мрежи, плукано, коментирано како да убив човек.

Ах бе Македонче, да споделуваше толку за да пофалиш нешто којзнае каде ќе бевме сега.

На мојот профил секогаш прашувам кога ми треба нешто, па ме прашуваат мене, и си имаме прекрасна комуникација, ама сето тоа се луѓе кои ме следат и поддржуваат и за кои постоеше профилот.

Како и да е...
Знам дека ова им се случува на сите кои одлучиле да го работат ова и треба да се спремни на истото, но јас веќе немам сила за ништо од ова...

Имам договори со неколку фирми, па морам да ги завршам до крајот на годината затоа ќе морам да бидам тука уште еден месец.
После тоа се повлекувам од „отровот“ пред и мене да ме отруе целосно.

Должна сум на многу луѓе тука, ама должна сум и на родителите и блиските, кои за малку ќе ме изгубеа, а сега читаат одвратни коментари на социјалните мрежи.
Се извинувам на тато, мама, Едмонд и сите блиски што ги внесов во оваа неблагодарна Инстаграм игра.“  

aleksandra-shijakoska-se-oglasi-otkako-stana-meta-na-tviterdjiite-makedonche-imam-donirano-500-pati-no-nikoj-ne-me-pofali-02.jpg

aleksandra-shijakoska-se-oglasi-otkako-stana-meta-na-tviterdjiite-makedonche-imam-donirano-500-pati-no-nikoj-ne-me-pofali-03.jpg

aleksandra-shijakoska-se-oglasi-otkako-stana-meta-na-tviterdjiite-makedonche-imam-donirano-500-pati-no-nikoj-ne-me-pofali-04.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Александра Шијакоска на прошетка со партнерот, по 4-те операции (фото) Со саканиот под рака, Александра Шијакоска се прошета во виолетов костим, тренди...
Александра Шијакоска: „Дочекав и четврта операција, оддолу ми ја истрижаа косата - нема поента да та... „Дочекав и четврта операција. Каква глава ќе беше оваа мојата. Колку животи имаа...
Искрен приказ на мајка од Охрид: Мојата дневна соба за на Инстаграм vs. во реалноста кога имате мало... „Дневната соба која до пред 2 години често ја гледавте (во совршено издание) на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg