Ѕвездено небо за 59-те прерано згаснати животи, 16-минутен молк за жртвите од пожарот кој се случи на 16-ти март, транспаренти со моќни пораки, свеќи и тага која се чувствуваше во тишината и покрај огромната толпа народ која го преполни плоштадот во Скопје, во чест на загинатите во трагедијата во Кочани.
„Ние сме обични контејнери од кожа, контејнери за човечки отпад: лакомост, грабливост, среброљубие, бесчувствителност, со максимална покорност кон неговото височество Џебот. Контејнери од кожа со кожни паричници полни пари, беден остаток од некогашниот чувствителен човек“, пишува Венко Андоновски во својот „Реквием за нашите деца“.
„Ми се јави на телефон Андреј и ми вели: Батко Спасен чувај ми масичка ќе дојдам вечер на свирка кај тебе... Јас му одговарам: А бе брат што бараш, нема да ти се допадне. Ти си урбан лик, а јас сум фолк тип. Не братко Спасен, ние сме слични, двајцата сме го поминале истиот трнлив пат до успехот“, гласи дел од објавата на фолк пејачот Спасен Силјаноски.
Со наведнати глави, црни балони и испишани пораки на рацете, тие ја испратија најсилната порака - дека трагедијата обединува, а болката ја чувствуваме сите подеднакво.
„Срцето ми се корне, душа не остана. Андрејчо мој, постар брат, татко. Никогаш нема да стигнам да ти се заблагодарам за сите животни совети кои што ми ги даваше после секој наш настап, после секое враќање дома, за секое пиво испиено...“, вели емотивно Денис Даутоглу.
„Не можам ниту да говорам, ниту да пишувам. Онемев. Ослепев. Оглувев. Оглупавев. Андрејчук, малкумина има како тебе. Ти беше од таа специјална сорта. Добри луѓе“ - гласи дел од објавата на Игор Џамбазов за својот колега и пријател, Андреј Ѓорѓиески од ДНК, кој прерано, трагично, но херојски го загуби животот.
„И оваа земја се вика Македонија – со своите прекрасни планини, езера, реки, плодна почва и традиција богата со вкусни јадења, песни и приказни. Земја што ни дала сè што ни треба за живот, но она што ја прави тешка – тоа сме ние, не таа. Не е до земјата, до луѓето е“.
Сопругата ја запознал во бутик, а за ќерката Јана велеше дека пополнила голем празен дел од него. Заедно со Панчо, долги години им подаваа рака на сите на кои им требаше помош. Андреј Ѓорѓиески беше многу повеќе од само музичар...
Дождот не беше пречка за стотици млади да го наполнат целото плато пред УКИМ и со 7-минутен молк како почит кон прерано згаснатите животи во Кочани, да го започнат заедничкиот час со кој изразија поддршка и солидарност.
„Што да се напише за тебе е премалку. Човек планина, човек со срце, душа човек кој вчера даде сè од себе да спасиш млади, невини душички и на крај нè напушти и ти. Почивај во мир голем човеку“. Со зборови полни болка блиските се збогуваат со нашиот херој, кој вчера беше во трка да спаси што повеќе животи.
Одржувајте ја редовната рутина на децата и бавете се со активност што ги смирува. За децата е од важност да знаат дека се на сигурно и дека постојат работи што ги прават и со кои можат сами да си помогнат.
Сите пациенти од Штип и Кочани се донесени во Скопје и се во стабилна состојба, 51 пациент се третираат во странски медицински центри, а сите кои биле во дискотеката, а немаат симптоми, задолжително да се пријават на лекар.
„Почивај во мир драг Џоце! Нека ти бидат светли патиштата господови тебе и на членовите на твојот бенд, како и за сите оние кои прерано заминаа со тебе во царството небесно“ - напиша Јелена Томашевиќ и сподели фотографија со прерано починатиот тапанар.
Деспина Богданов (24) која го загуби својот сакан Тоше (30), мажот со кој доби син пред само неколку дена, напиша: „Кога ќе порасне нашиот син и ќе ме праша „Мамо, каде е мојот татко, јас ќе му речам да погледне во небото и да ја гледа најсјајната ѕвезда што свети, а тоа ќе бидеш ти“.
„В Кочанско негде, кај в слаМа гореа цвета, убија деца! Во глуво доба од Кочани, се слушна крик, плач и тага, се молевме сите, Господе, да биде лага!“
„Се разбиравме на посебен начин - бевме двајца емотивци кои ги боли кога гледаат неправда, кои често се жалеа еден на друг колку е тешко да го гледаш тоа, а да не можеш секогаш да направиш нешто! Ќе наздравам за тебе во твојот омилен Irish pub на местото каде што споделувавме толку многу приказни, мечти и тешки мисли...“, гласи дел од емотивната објава на Симона Попоска за Андреј.
„Аххх, аххх наш Петар - голем човек со големо срце, беше голем борец“ - пишува во објавата од клубот на младиот кошаркар.
„Ете, толку било. Македонија денес изгуби. Изгуби нешто што никогаш повеќе нема да може да го врати или замени“ - пишува во пораката на Мартин.