Понекогаш молчењето на работа е злато, зарем не? Јелена Спенџарска сними хит видео на темата.
Баничка од Ла Делишес, ѓеврек со сланина од Силбо, вкусна пица за цело друштво во Вегера, или донер од Пласет - култни места во Скопје кои нема кој не ги посетил ако заглавил до доцна во ноќта, гладен низ улиците на Скопје.
„Прва контрола направивме во 7-та недела од бременоста, а доста е чудно е што имам пријателки кои тек во 9-тата недела биле првпат на контрола. Значи јас сè што зборувам за овде, во Германија, го зборувам од мое лично искуство, бидејќи тука сè е различно од град до град“, открива Зои Блаж (29) за CRNOBELO.com.
„Добар ден, имате ли парфем кој мириса на Црква? На темјан? Се чудат... Како да им објаснам дека сѐ уште ги мирисам лигите на Сеништето по мојот врат додека ме злоставуваше нечистотијата во мојата душа, на сѐ...“, вели Кирил Ангелов, жртва на сексуално злоставување, кој не само што собра храброст да зборува јавно за тоа, туку и напиша книга.
„Почнаа да се наметнуваат инфлуенсери кај коишто сè е идеално, сè е прекрасно, сè е „wow“... Не ми мјаукајте, човече, животот е тежок. Мислам да не се лажеме. Имаме моменти кај што не ти се дише, не ти се јаде, не ти се живее...“, гласи дел од изјавата на Ивана Кнез во гостувањето во „YUGO“ кај Мими Марковски.
Марјана Станојковска наместо фотка, објави видео на кое танцува; Тијана, Тамара и Миа Костова се меѓу оние кои споделија фотки од синовите. Погледнете која е „најстарата“ фотографија што некои од нашите јавни личности и инфлуенсери ја имаат во галеријата на својот мобилен.
„Ќерка ми Инес имаше проблеми со чести настинки, проблеми со дишење и со слухот. Се оперираше пред 2 години, но само трет крајник. За по 6 месеци после операцијата да биде пак исто. Помина низ истото по вторпат. Но, сега, на 6-годишна возраст, ги опериравме сите 3 крајници“, ја започнува својата приказна Ивана Ѓорѓиоска за CRNOBELO.com.
Гордост! Мајкл Дамески пред 7 години со својот танц ја воодушеви Џенифер Лопез, а сега го глуми главниот машки лик во новиот спот на Лејди Гага.
„Тијана ме има научено, го има научено и моментот на необрнување премногу внимание на мојата погрешна мисла или на тоа ‘Лошо ми е малку, уф, малку ми се слоши’“, вели Миа Костова и дава моќен совет со сите што живеат со анксиозни личности.
Колкава е веројатноста да НЕ згазнеш на кучешки измет во центарот на Скопје? Секое утро поминувам само 300 метри од дома до училиштето и градинката со моите деца. Утрово 22 пати ќе згазневме на кучешки измет!
„Секој втор ден одам на истиснување на лимфата од телото која кај мене сега ja има во големи количини, а секојдневно имам премачкување на телото, отворање на корсетот“, вели Ивона Јо за CRNOBELO.com, откако пред 2 недели направи операција за отстранивање на вишокот кожа.
Синот Ведран го добија во 2022, а синот Видан во 2024 година и сега сите заедно уживаат во зимската идила. Ведран се санка со тато, а Видан се гушка со мама.
Откако Даниел сподели нови семејни фотки, следбениците на Инстаграм му напишаа дека синот е „убав на мајка му“, а дека „ќерката ги има очите на татко ѝ“.
Наша верна читателка ни испрати прекрасни фотографии од кокичињата во нејзиниот двор во скопската населба Пржино, а и вокалистката на групата Ареа, Ружица М. Брчиоска објави прекрасни фотки од нив. Мириса на пролет, зарем не?
„Џонатан и Лила станаа родители на 2 мали пингвинчиња - Лила своето име го има добиено по нашата позната водителка, па затоа таа денес дојде во Скопје ЗОО и ги почести вработените и посетителите на традиционалниот македонски начин, со мекици“, велат за CRNOBELO.com од Зоолошката.
„На 17 години ми беше дијагностициран Хочкин лимфом, трет стадиум, но колку и да ми беше најтешкиот предизвик, најболна борба и пеколен период, јас сум најгорда на себе за тоа што ја освоив битката и сум победник“, вели Ана Брзанова за CRNOBELO.com по повод 4-ти февруари Денот на ракот.
„Ангелче мое, заедно растевме и му се радувавме на животот, но не ни дозволија заедно и да остареме. Нашите планови ги срушија за миг...“, започнува емотивната објава на Петар Ристов, кој ја изгуби својата сакана Фросина Кулакова.
„За вашето дете важен е кoeфициентот на отпорност (AQ). Тоа е мерка на вашата способност да поминете низ тежок период во животот и да излезете од него без да го изгубите разумот“, вели наставникот Гоце Бумбароски. Ова е поважно дури и од коефициентот на интелигенција, зарем не?