Будење со спектакуларен поглед со палми кон Индискиот Океан, чаша шампањ и егзотична дестинација на 900km источно од Мадагаскар... Нашите познати дами уживаа заедно.
„Работата на телевизија си продолжува иако нема веќе да биде секој ден. Во студио ќе влегувам еднаш неделно, но да не бидете изненадени и ако почнете да гледате повеќе прилози од Солун...“, ја започнува својата објава Јелена Спенџарска.
„Ни во најлуд сон не замислував дека човекот во кој сум вљубена ќе ми рече ‘остани засекогаш’“ – напиша на социјалните мрежи нашата ТВ водителка Јелена Спенџарска која неодамна најави дека планира да се сели во Солун кај нејзиниот дечко, Лукас.
„Не знам дали имавте можност да го видите новиот филтер на ТикТок, но тој според мене е на ниво на криминал. Освен што ве прави совршени, односно далеку од она како изгледате во моментот, филтерот не мрда…“, вели Миа Костова и прави споредба на своето лице.
Елена Најдоски прошета во беспрекорен стајлинг во бело, Миа Костова ја видовме во неверојатно секси издание, а Павле Камилоски објави фотографија како ја бакнува саканата Ирина Дишовска во чело за време на нивната свадба.
„Нераскинлива љубов, која се роди на едно сликање пред многу години. Те сакам, господине Занов“ - напиша Сара Јо за модното шоу на нашиот дизајнер Митко Занов, каде таа пристигна во негова креација и уште еднаш докажа дека е модна кралица на Балканот.
„Денес, традиционално си го славам вториот роденден. Пред 7 години на денешен ден ми беше операцијата на малиот мозок. Ден што ниту јас, ниту моите најблиски ќе можеме да го заборавиме...“, ја почнува емотивната објава Марија и за CRNOBELO.com открива со каква дијагноза се соочила.
Скопје, 25 февруари 2023, Во складиштето на „Макпетрол“ нема пожар, ниту експлозија, како што вечерва известија дел од медиумите.
„Дефинитивно тесната венчаница ми беше поудобна, Цел ден од утрото од 11 часот до 1 по полноќ си бев во штикли, 10cm. На рамно не се замислувам како невеста, иако моментално сум 6 месеци и 9 дена бремена - супер издржав.“, споделува Ирина Дишовска за CRNOBELO.com, која вчера (24.02) стапи во брак со својот сакан Павле Камилоски.
Миа Костова цела седмица најавуваше дека во петок, денес (24.02) ја очекува важен настан, мислејќи на свадбата на Павле Камилоски и Ирина Дишовска.
Невестата носи бела тесна венчаница со перје, која го истакнува нејзиното трудничко стомаче, а Павле зрачи со елеганција во црн костим. Неговата сестра Софка е меѓу највеселите гости, а водителката Миа Костова со фустанот со отсечок кај градите меѓу најсексапилните.
„Фала ќерко за потписите, да даде Господ да пораснеш голема и да си купиш нов автомобил. Јас и мама први ќе ти се потпишеме и вака ќе се радуваме за тебе...“, напиша Димитар Атанасовски.
„Јас не сакам дечко што ќе ми испраќа подароци на работа – јас не сакам работа. Ми треба дечко ми да ме разбере дека имам термин за нокти, имам термин за коса, термин за ботокс“ – вели во своето пародично видео нашата инфлуенсерка.
Браво Маја! Ваква порака треба да прочитаат сите родители и деца и мило ни е што се споделува вирално. „Повторно се најдов во училишните клупи, повторно асистент на посебно момче, овој пат во средно училиште...“, ја започнува објавата Маја, асистентка на посебни момчиња, а поддршка ѝ даде и Ребека.
„Кога се роди ти, сфатив која е вистинската смисла на животот. За тебе лавче мое, не постои борба во која не можам да победам…“, му порача Кристина Димитри на синот и откри дека неговата баба му е втора мајка.
„Вистината е дека имам две биохемиски бремености пред Андрија, млада на 23-24 години. На 27 Андрија го износев без никаков проблем со здрава бременоста, без никаква поддршка од какви било лекарства до 40-та недела...“, споделува Миа Костова.
„Пред 10-тина дена имав биохемиска бременост... Многумина ќе речат: ‘Тоа не ни било бременост’, но за мене тоа беше многу значајно.Се надевавме дека ќе порасне, но за жал за неколку дена се спупшти многу ниско и тоа значи дека се изгубила бременоста“ - писателката Ксенија Николова емотивно се отвори на Инстаграм и сподели дека имала биохемиска бременост, како и порака до сите жени кои водат слични битки.
Прекрасната мала храбра Кира и шармантниот син Вања ѝ се омиленото друштво на Катарина Ивановска. Периодов тројцата заедно се забавуваат на Копаоник.