Некои од познатите македонски ѕвезди досега во повеќе наврати објавиле фотографии од детството на социјалните мрежи. Ги препознавате ли од фотографиите?
Убавата сопруга Александра и синчето му се најголемата поддршка. Александар Трајковски (29) неретко знае да истакне дека неговото семејство е неговото сè. По победата над Италија, тој напиша на Инстаграм: „Ова е за мојата фамилија и за цела Македонија!“.
Браво! За убавината на Македонките се слушна и во Либан – наша девојка е модна инспирација таму.
Се пие пиво, се пеат македонски песни, се вее нашето знаме во Палермо... Браво момци! Вака се сака Македонија, вака се бодрат нашите фудбалери.
По Ким Кардашијан, Џенифер Лопез и Кристен Стјуарт, уште една светска ѕвезда во дело на креација од македонскиот дизајнер Тони Матичевски. Браво! Горди сме што вакви креативци нè претставуваат пред светот.
„Отидов на брод да работам, таму ја запознав мојата прва жена, која ме убеди да дојдам тука во Америка и после 2 месеци живеење заедно забележав дека нешто не е во ред и дека таа е патолошки лажго. Имав премногу стресни ситуации, борба за живот буквално, пукање, бркање со ножеви, тепање... Бев во премногу лоша ситуација затоа што бев дојден тука сам“, започнува со својата емотивна исповед Дарко Влогс.
Македонци и Македонки прават чуда со своите вешти раце. Нивната креативност нема граници. Браво за овие мали бизниси!
Над 10-тина претходни обиди со ин витро постапки, не ја обесхрабрија оваа жена во намерата да има свое дете. Браво жено, мајко, кралице! Вакви вести се позитива на денот. Сега е мајка на син.
Кристина Димитри позира во најпровокативното боди досега, Тамара Тодевска на настап повторно со кратка Пикси фризура, а пак Елена Стефановска ужива во снежната идила во Маврово со саканиот.
Една од најубавите вести која ни го направи денот – во скопската Зоолошка градина се родија три бебиња лавчиња, за првпат по повеќе од 20 години.
Денес Маја има 67 години, изгледа прекрасно и се грижи за својот внук Лука кој се бори со аутизам откако нејзината ќерка Теа го напуштила и заминала во странство, но, се сеќавате ли на младешката убавина на „кралицата на евергрините“, која пленеше насекаде?!
Битолчанката Александра Шијакоска објави брутално искрено видео во кое ги прикажува интимните моменти од закрепнувањето во болница по операцијата на тумор на мозок. Само напред храбра девојко!
„Кога првпат ја прочитав дијагнозата, низ глава веднаш ми помина дека не е можно, веројатно станува за некоја грешка. За жал, не беше тоа случајот. Кај мене не преовладува тагата, се обидувам до денот на операција да си функционирам најнормално со секојдневните обврски, па дури и да работам на дипломската. Мајка ми во целата ситуација ме насочува да се посветам на тоа, иако на нас сите дома ни е по малку смешно.“, раскажува храбрата Николина Нина Мицковска (26) од Скопје, по професија ux ui designer и психолог, за CRNOBELO.com.
36-годишната пејачка ужива со двата сина во Дубаи, со чаша шампањ и поглед кон највисокото панорамско тркало на светот. Таа не става фотографии од сопругот Патрис Бериша, среде гласините за развод, но на Инстаграм Стори тој стави видео од помалиот син на плажа во Дубаи.
Фотките и видеото може да бидат вознемирувачки... Скопјанец ни раскажа за тажна, но позитивна случка на која сведочел во ГТЦ, што ќе ви ги наполни очите со солзи: „Мислев дека сака да ја повреди кога му ја видов мачката во уста, но потоа сфатив дека е мртва, а кучето само бараше погодно место каде може да ја закопа“.
И Македонија има свој заводник на виолина, како светски познатиот Хрват Стјепан Хаусер од 2 Cellos. Нашиот Петар е шармантен, талентиран и со неодолива насмевка. Од гондола во Венеција до катамаран во Охрид, тој изведува светски музички дела секогаш и секаде, а неговите видеа се хит на Инстаграм.
За само 6 месеци трансформацијата на Ивона Јо е неверојатна. „Збогум 63 килограми“, напиша таа во описот на видеото на кое јасно се гледа колку е ослабена.
Со фотографии од болница храбрата Александра Шијакоска (29) од Битола вели: „Тука сум 8 дена, првите неколку дена не личев на себе. Лицето ми беше искривено, говорот сменет, беспомошна бев. Дефинитивно најтешката животна лекција која не му ја посакувам на никој, да си свесен дека утре може нема да го дочекаш денот. Но, сакам да ве известам дека операцијата помина во најдобар ред.“