Пици по оригинален италијански рецепт, паста како во рестораните низ италијанските градови – кои локали да ги посетите во Скопје ако сте љубител на италијанската кујна?
Што облекоа познатите личности кои присуствуваа во публиката, а што облекоа водителите и учесниците. CRNOBELO.com беше дел од втората вечер на фестивалот „Макфест“ 2024. Погледнете дел од фотографиите на црвениот тепих.
Доаѓа на сон за да ве утеши или за да ве предупреди. Денот треба да го поминете во молитва и во црква – Кои обичаи и верувања се поврзуваат со празникот Света Петка?
Гламурозни тоалети, 13 нови нумери, но и неповторлива изведба на некои од најголемите макфестовски хитови, кои нè вратија низ времето.
Ивана од Прилеп, откако се избори со ракот, снима забавни видеа. Последното гласи: „Кога ќе го прашам сопругот што сака да направам за ручек“ и ќе добијам „Што било“, „Одлучи ти“, „Не знам“...
На големите верски празници често православните христијани одбираат да посетат некој од живописните манастири и цркви во нашата земја и таму да го поминат денот во молитва и да се обидат да најдат духовен мир.
На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзуваат Скопје со Барселона, но и со Дубаи. Кои други авионски линии ќе бидат достапни од 2025?
„Телевизијата ми беше втор дом, а едно од прашањата е ‘Зошто се повлеков од телевизијата?’ Од здравствени причини. Јас добив вирус којшто во тоа време беше нешто слично како короната...“, открива Мелита Ракичевиќ.
„Најтежок дел ми е изговорот на некои зборови на македонски јазик, бидејќи сакам сè да звучи разбирливо за моите гости, но со секоја емисија станувам сè подобра“, вели Емакулате Вандера Блажеска, девојка од Кенија, која се пресели во Македонија во име на љубовта.
„Моментот кога решив да ставам крај со партнерот со кој сум поминала 15 години и имам две прекрасни ќерки, сум станала свесна дека сакам да почнам да се сакам себеси и да си бидам приоритет на самата себе...“, вели искрено Љупка Митрова, наша инфлуенсерка од Струмица.
„Влеговме во хеликоптерот и заедно уживавме во глетката - море преполно со луксузни јахти и брег со преубави куќи. Додека се обидував да ја доловам убавината на фотографија, Сергеј го искористи моментот да го извади прстенот“, вели Стефани Стерјоска (24) од Скопје за CRNOBELO.com.
Календарот со неработни денови и државни празници за 2025 година е подготвен и може да си го симнете во секое време или да си го закачите и безгрижно да си ги планирате продолжените викенди. Каква година нè очекува?
„Ма нека збори цела чаршија...“ Ова се стиховите што сигурно ќе ги слушаме и ќе ги пееме на глас во месеците што доаѓаат. ДНК го здружија силите со Бока Конга и Мишел Трајковски и објавија нова песна со нов провокативен спот.
„По дијагнозата рак, само едно знаев сигурно, а тоа е дека морам да сум силна заради себе, а уште повеќе за тоа мало детуле од 8 годинки“, гласи дел од емотивната објава на Александра Јорева Михајловски.
„Имавме медитации во кои воопшто не смееш да го помрднеш телото и на почеток ми беа најголем предизвик, поради моите физички повреди чувствував агонија од болка“, вели Бетика, која во 10 дена помина 112 часа во медитација со древна индиска техника.
Видно ослабнат и со нова фризура – Дарко Влогс објави нови фотки на Инстаграм и покажа дека иако го немаше на социјалните мрежи, тој останал посветен на физичките активности и на својата трансформација.
„Се смеам, ама од ражите ми беше повеќе страв“, напиша Александра на Инстаграм, откако претходно пливаше со ајкули.
„Барање станови на +40 со Матиас и Давид во количка, средување документација, избирање на мебел, чистење, распакување… Сѐ тоа во 2 недели...“, споделува Евгенија Колев од Скопје, вљубеничка во фитнес, за преселбата во Дубаи.