Новите генерации добро знаат кои се следните гости во Еден на Еден. Во недела ќе ги гледаме Марко Марковиќ - GP и Стефан Рашковиќ – Steffonator, најпознатите претставници на една нова „Јутјуб“ култура во Македонија...
Неколкупати се обидов да ја демантирам диетата која го носи моето име, но социјалните мрежи го направија своето, вели доктор Жан Митрев во специјалната емисија на Еден на Еден...
Скопје,10 април 2018г. – Vip преку партнерството со компанијата Нови Системи го воведува Novobox Cloud на македонскот пазар, ексклузивно за своите корисници. Со Novobox Cloud решението корисниците добиваат можност за складирање и организирање на податоци од типот на документи, фотографии, видеа и слична содржина во “облак”...
Шпанскиот бренд за долна облека, костими за капење и додатоци Women’secret денес отвори нова продавница во трговскиот центар Рамстор. Девојките и жените од Македонија сега ќе имаат уште една дестинација каде со сигурност ќе го пронајдат она што им треба, без разлика дали станува збор за софистицирани, сензуални модели или пак полежерни, удобни парчиња...
(Скопје, 05.04.2018) - Скопје Сити мол ги известува сите посетители дека за време на Велигденските празници ќе работи со скратено работно време. Празничниот режим на работа се однесува на деновите петок, недела и понеделник и тоа по следниот распоред и саатница...
Човекот кој зад себе има 30 годишно искуство и повеќе од 15 илјади операции на срце. За Велигден ќе гледаме нов Еден на Еден специјал со Жан Митрев...
На 03 април, во Мултимедијалниот Центар при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, над 350 студенти имаа можност да ги слушнат мотивационите говори на Жан Митрев, Снежана Лупевска и Бранко Огњановски, како дел од третиот настан на акцијата Feed Your Brain...
Фудбалската федерација на Македонија во насока на развој на женскиот фудбал донесе низа одлуки кои имаат цел популаризација на женскиот фудбал и поголема вклученост на девојчињата во фудбалот. Федерацијата донираше опрема наменета за клубовите од женскиот фудбал. Во „Куќа на фудбалот“ опрема и фудбалски топки добија вкупно 42 клубови од Првата лига и регионите во државата...
Според Ангела Мицајкова, инструктор по јога од 108 Yoga House, правилното дишење е едно од најважните витални функции што може да го подобрат физичкиот и менталниот пејзаж на човекот. „Да научиш да дишеш правилно, би рекла, е најголем дар. Добар инструктор по јога, најпрво ќе те научи добро да дишеш, да си го слушаш и следиш дишењето, за да достигнеш состојба на спокој и трпение“, вели таа. Нејзиното долгогодишно навлегување во јогата ја има научено дека начинот на кој дишеме е многу тесно поврзан со нашите емоционални состојби. „Дишеме различно кога сме лути, возбудени, уморни или нервозни. Сепак, со користење на соодветни техники на дишење, можеме да ја смениме нашата физичка или емоционална состојба“, објаснува Мицајкова...
Македонски Телеком отвори инкубатор за дигитални таленти, составен од тим од студенти кои ќе работат на развивање на апликации за дигитална трансформација. Освен за дигитализирање на процесите на Телеком, тимот ќе работи и на други иновативни апликации, кои ќе имаат за крајна цел – дигитализација на општеството...
(Скопје, 04.04.2018) – Запишувањето во новата академската година 2018-2019 на Меѓународниот факултет на Универзитетот во Шефилд, Сити колеџ започна и нуди иновативни програми за додипломски и постдипломски студии. Идни студенти можат да изберат од богато портфолио на атрактивни студиски програми, почнувајќи од клиничка невропсихологија, когнитивна невропсихологија, напреден софтвер за веб и мобилни апликации, менаџмент на хотели и туризам, логистика, човечки ресурси и дигитален маркетинг до повеќе традиционални академски дисциплини...
(Прилеп, 04.04.2018) – Стоби флипс слави 40 години, брендот којшто во 1978 година за првпат беше произведен во прилепската компанија Витаминка. Под мотото „Стоби флипс 40 години насекаде“ со многу активности во текот на целата година, компанијата ќе покаже како се создаваше и растеше најсилниот бренд во Македонија, што претставува за потрошувачите и какво значење има за компанијата и пазарот...
Ни кажуваат вицови дури и на гробишта, признаа Саше Димитровски и Никола Кумба во неделната епизода на „Еден на Еден“. Екипата од „Солза и смеа“ ја насмеа публиката на најгледаното ток-шоу со сите анегдоти од нивните патувања и претстави...
Скопје, 3 април 2018г. - Во присуство на претставници на медиумите, педијатри, фармацевти, технолози, дерматолози и останати блиски соработници, „Алкалоид“ го одбележа почетокот на кампањата планирана по повод 40-годишиот јубилеј на еден од водечките брендови на компанијата – добро познатиот „Бекутан“...
Собранието на здружението за интерактивно огласување, ИАБ Македонија, едногласно го усвои предлогот за усвојување на “Саморегулаторен етички кодекс на добри професионални практики во дигиталното издаваштво на територијата на Р.Македонија“ со кој се пропишуваат правилата за фер, етички и добри професионални практики на медиумските издавачи во врска со креирањето и објавувањето на содржини, производи и услуги кои ги нудат преку своите дигитални медиуми...
(Скопје, 02.04.2018) – Психијатриски преглед, психолошко советување и тестирање, индивидуални и групни сесии, како и партнерска психотерапија се само дел од специјализираните услуги што ги нуди психијатриската ординација, MindLab. Покрај основните психијатриски и психотерапевтски услуги, MindLab се издвојува и по тоа што е лиценцирана и за напредните терапевтски методи како когнитивно бихејвиорална терапија, терапија со виртуелна реалност и транскранијална директна струјна стимулација...
Студенти од Економскиот, Машинскиот, Градежниот и Електротехничкиот факултет и од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот Свети Кирил и Методиј се дел од новата сесија на програмата за практиканти на ОКТА. Тие во наредните три месеци ќе бидат постојано вклучени во работниот процес на компанијата, со полно работно време. Под надзор на искусни ментори, кои се врвни професионалци во својата област, ќе имаат можност да стекнат нови знаења кои ќе им помогнат да станат поконкурентни на пазарот на трудот...
Комуналните претпријатија не смее да станат кочничари на започнатите процеси за примарна селекција на отпадот...