Стоби флипс 40 години насекаде

(Прилеп, 04.04.2018) – Стоби флипс слави 40 години, брендот којшто во 1978 година за првпат беше произведен во прилепската компанија Витаминка. Под мотото „Стоби флипс 40 години насекаде“ со многу активности во текот на целата година, компанијата ќе покаже како се создаваше и растеше најсилниот бренд во Македонија, што претставува за потрошувачите и какво значење има за компанијата и пазарот.

stobi-flips-40-godini-nasekade-001.jpg

Секоја идеја може да биде вредна и да даде резултати, доколку се работи на неа и се вложи во нејзината реализација. Тоа го потврдува денешниот статус на Стоби флипс, 40 години континуиран квалитет на најпрепознатливиот македонски бренд. Стоби флипс, носи голема  вредност и за компанијата, затоа што со својата експанзија придонесе за растот на Витаминка. Сепак, најголемата вредност е значењето за потрошувачите што го има и довербата во брендот што постојано расте и се зголемува“, изјави Сашо Наумоски, Генерален извршен директор на Витаминка.

Покрај збогатувањето со нови големини и вкусови, растечката популарност на Стоби флипс, наметнува зголемување на неговото производство, предизвик на којшто Витаминка во целост може да одговори.

Растењето на популарноста на домашниот пазар, подеднакво е следено со пласирање на странските пазари и зголемување на продажбата. Денес Стоби флипс е присутен на пазарите во уште 40тина земји од целиот свет. Бројот на земји каде е присутен постојано се шири и од година во година расте, што е резултат на неговиот висок и постојан квалитет.

Кампањата за одбележување на 40годишниот јубилеј на Стоби Флипс, започна со лансирањето во вселената, со што стана првиот македонски бренд кој го освои и овој простор.

Би можело да ве интересира:

Горан Папаз прослави 4 години брак: „Тоа што година и пол не сме спиеле, не значи дека овие години н... „Те сакам бескрајно! Ти си мојата инспирација, мојата принцеза, мојата симпатија...
Жена на 58 години забремени со тројка во болница во Македонија – Таа била 5 години во менопауза „Годините не ја запреа желбата за мајчинство. Тројна бременост со ин витро кај п...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Штипската четворка наполни 2 години, мајката Благица емотивна: „Со вашите 4 срца животот има најубав... „Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од Бога. Вашиот невин поглед, неисцр...
Внукот на Ефто Пупиноски, а син на Секула, се врати да живее од Америка во Македонија по 22 години -... Тој е син на Секула Пупиноски, починатиот македонски пејач, чија песна „Врати се...

Најчитани неделава