10 забавни филмови кои ќе ве однесат на авантура во топлите летни ноќи

Ако сакате потрага по изгубени богатства, вреди да го изгледате Uncharted. Ако, пак, сте расположени за научна-фантастика, нема да погрешите со Ready Player One.

10-zabavni-filmovi-koi-kje-ve-odnesat-na-avantura-vo-toplite-letni-nokji-01.jpg

Топлите летни ноќи се совршени за забавни филмови кои барем за миг ќе направат да се почувствувате како самите да сте дел од возбудлива авантура.

10 филмски авантури кои треба да ги изгледате:

Uncharted

Снимен според истоимената видеоигра, Uncharted ги опишува почетоците на главниот лик Нејтан Дрејк.

Додека работи како келнер кој редовно ги ограбува своите богати гости, Нејтан го запознава Виктор – маж кој трага по изгубени богатства.

Заедно тргнуваат на незаборавна авантура да го најдат богатството што го скрил екипажот на истражувачот Фернандо Магелан.

Ready Player One

Забавна научно-фантастична авантура во режија на кралот на авантуристичките филмови – Стивен Спилберг.

Дејството е сместено во 2045 година, кога целото човештво користи симулација на виртуелна реалност (како ние што сме опседнати со социјалните мрежи).

По смртта, креаторот на симулацијата открива дека внатре скрил неколку загатки, а оној што ќе ги реши сите, ќе може да ја преземе целата контрола на виртуелната реалност.

Младо момче, заедно со уште бројни амбициозни луѓе, се обидува да го постигне токму тоа.

Kong: Skull Island

Досега се направени безброј филмови со огромниот легендарен мајмун Кинг Конг, но нема потреба да ги гледате за да го следите дејството на Kong: Skull Island.

Главните ликови се експерти од неколку области кои се на мисија да го мапираат островот познат како Skull Island. Додека истражуваат, тие се нападнати од огромниот мајмун.

Indiana Jones and the Dial of Destiny

Најновото, а веројатно и последното продолжение со Харисон Форд за познатиот археолог е една од најочекуваните авантури за ова лето.

Овојпат, Индијана Џонс е на мисија да најде артефакт со кој може да го промени текот на историјата.

Jumanji

Веруваме дека ви е изгледан првиот Jumanji филм од 1995 година.

Ако уште не сте ги изгледале поновите продолженија – Welcome to the Jungle и The Next Level – ова лето време е да им дадете шанса.

Двата филма ни даваат помодерна верзија на Jumanji – наместо друштвена игра, главните ликови „заглавуваат“ во видеоигра.

The Martian

Ако сакате несекојдневна научно-фантастична авантура која е поткрепена со научни факти, треба да го изгледате The Martian, кој е снимен според истоимената книга.

Главниот лик е Марк Ватни – астронаут кој случајно останува потполно сам на Марс. Користејќи ја само опремата што е донесена со претходни мисии до Марс, но и неговото знаење, тој пробува да се врати на Земјата.

Серијалот The Hobbit

Иако фановите на Толкин се со поделено мислење за екранизацијата на The Hobbit, трите филма заслужуваат да бидат изгледани.

Дејството е сместено пред настаните во Lord of the Rings и се фокусира на авантурите на Билбо Багинс – хобитот кој го наоѓа единствениот прстен кој може да биде пропаст за целиот свет.

National Treasure

Двата филма со Николас Кејџ во главната улога се одлична разонода за топлите летни денови.

Филмовите имаат класична приказна за лов на старо богатство, но сместена во модерна Америка.

Moana

Забавен анимиран филм кој за миг ќе ве однесе во древна Полинезија.

Главниот лик е Моана – храбра девојка која со помош на полубогот Мауи треба да го спаси нејзиниот остров од уништување.

Free Guy

Навистина необична приказна со Рајан Рејнолдс во главната улога.

Ликовите во филмот се всушност ликови во видеоигра наречена Free Guy.

Кога еден од нив сфаќа дека тој е само спореден лик во играта, го дава најдоброто од себе за да стане главен лик.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
10 филмови од 2026 кои ги освоија симпатиите на публиката Project Hail Mary со Рајан Гослинг, Send Help со Рејчел Мекадамс, Wuthering Heig...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
10 серии кои се вистинско уживање во есен (дури и по 10-тото гледање) Charmed ако сакате нешто ретро, The Fall ако сте расположени за трилер или Wedne...

Најчитани неделава