„Beckham“ и уште 10 популарни документарци на Нетфликс кои треба да ги изгледате

Документарецот на Бекамови открива бројни детали од животот на познатото семејство, додека од филмот за убиецот Џефри Дамер ќе ве полазат морници.

10-popularni-dokumentarci-na-netfliks-koi-treba-da-gi-izgledate-01.jpg

Документарците се одличен начин да научиме нешто повеќе за некоја личност, настан и слично, а притоа да се забавуваме.

Славни личности, злобни убијци и нерешени мистерии – сигурно ќе најдете нешто за вас од следниве 10 документарци:

Beckham

Со досега невидени снимки, документарецот се фокусира на животот на Дејвид Бекам – од неговите скромни почетоци, до светската слава, а открива и детали од животот со Викторија, вклучувајќи ја и фамозната афера на фудбалерот.

The Tinder Swindler

Документарецот што беше огромен хит минатата година раскажува за маж кој лажно се претставувал како богаташ.

Користејќи лаги и својот шарм, тој успеал да изнуди милиони долари од жени кои ги запознавал онлајн.

Anna Nicole Smith: You Don’t Know Me

Потресен филм кој го раскажува животот на Ен Никол Смит – поранешна актерка им одел.

Документарецот прикажува досега невидени снимки од Ен која беше ѕвезда во 90-тите, пред трагично да го изгуби животот на само 39-годишна возраст.

Conversations with a Killer: The Jeffrey Dahmer Tapes

Ако сте расположени за нешто морничаво, нема да погрешите со документарецот за озлогласениот Џефри Дамер.

Во филмот ќе имате можност да слушнете и дел од неговите интервјуа кои нудат увид во неговиот психопатски ум.

Harry & Meghan

Не треба да ви објаснуваме кои се Хари и Меган.

Документарецот ја следи нивната врска – од почетоците, до предизвиците и контроверзиите кои кулминираа со нивно напуштање на кралското семејство.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
10 нови Нетфликс документарци кои ќе ве држат „залепени“ за екранот Документарците на Чарли Шин и Викторија Бекам, но и морничавите сведоштва на дев...
Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)? Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа...
Штркот Силјан вечерва ќе слета на Менхетн – премиера на филмот на Тамара Котевска Вечерва во легендарниот IFC Center во Њујорк ќе се одржи американската премиера ...
Актери кои освоиле Оскар секојпат кога биле номинирани Кристоф Волц има освоено две статуетки за споредна улога, и тоа во филмови на Кв...
10 (морничави) филмови за мистериозни тајни друштва и култови Некои веруваат дека последниот филм на Стенли Кјубрик, Eyes Wide Shut, е снимен ...

Најчитани неделава