„Beckham“ и уште 10 популарни документарци на Нетфликс кои треба да ги изгледате

Trainwreck: Woodstock ’99

Не постои личност која не слушнала за музичкиот фестивал Woodstock од 1960-тите.

Но, знаевте ли дека во 1999-та имало потполно обид да се рекреира фестивалот?

Неуспешниот обид резултирал со општ хаос, вклучувајќи протести, па дури и насилство, а овој документарец покажува како и зошто ескалирала ситуацијата.

I Am Georgina

Документарна серија која се фокусира на животот на Џорџина Родригез - партнерката на познатиот фудбалер Кристијано Роналдо.

MH370: The Plane That Disappeared

Веројатно се сеќавате на малезискиот авион којшто исчезна во 2014 година и до денес не е најден.

Овој документарец ги открива популарните теории (на заговор) за тоа што се случило со авионот и доказите кои се најдени досега.

The Mystery of Marilyn Monroe: The Unheard Tapes

Преку досега необјавени интервјуа со луѓе блиски до неа, документарецот ја истражува смртта на Мерилин Монро и мистериите околу неа.

Take Care of Maya

Морничав документарец за млада девојка која страда од ретка болест.

Проблемот настанува кога лекарите почнуваат да се сомневаат дека нејзините родители ја малтретираат, по што ја оттргнуваат од семејството без никакви конкретни докази.

Pamela: A Love Story

Документарецот прикажува досега невидени снимки од Памела Андерсон преку кои го истражува нејзиниот живот.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg