Го гледав филмот за Џеј – Три дена подоцна, сѐ уште сум под импресии

go-gledav-filmot-za-djej-tri-dena-podocna-s-ushte-sum-pod-impresii-02.jpg

Ова не е музичка биографија на Џеј, ова е приказна за неговото детство, за тоа како тој добил една единствена шанса да успее, да побегне од улицата и да направи нешто од себе.

Како детето кое израснало во дом и се стекнало со занает, во кој и самиот признава дека воопшто не бил добар, во исчекување нешто да се случи, се потпира на животот што му е познат и којшто знае како да го живее.

Ги мами луѓето со кибритчиња (или „шибицари“, како што би рекле Србите), се потпира на добродушноста на другарите, чува стража пред објектите додека другарите „оперираат“ и  крадат.

Приказна за тоа како сите тие маргинализирани ликови од калта на општеството копнеат да направат нешто добро и, на крај, дека целта на животот не се парите...

go-gledav-filmot-za-djej-tri-dena-podocna-s-ushte-sum-pod-impresii-05.jpg

Многу е важно со какви очекувања ќе тргнете да го гледате филмот – ако очекувате силни емоции и тешка животна приказна, тогаш ќе останете разочарани како „наивните“ луѓе што вложуваат пари додека Џеј ги вртка кутивчињата од кибрити, затоа што под ниту една од трите нема да најдете топче.

Но, ако тргнете да го гледате филмот без некакви очекувања, тогаш ќе бидете под импресии.

Зошто? Затоа што на крај ќе сфатите дека приказната ве учи дека ниту една тешкотија во животот не може да ве скрши ако научите да не се вложувате премногу емотивно.

Ја нема таа сеприсутна тага како во филмот за животот на Тома – туку, ве учи дека секоја тага можете да ја надминете со доза хумор и добра музика, а дека од секоја животна трагедија може да излезе преубава песна, што се пее и ќе се пее.

go-gledav-filmot-za-djej-tri-dena-podocna-s-ushte-sum-pod-impresii-04.jpg

Ќе ве научи дека во животот е најважна борбата и, секако, да знаете како да ја искористите шансата што ви се нуди, затоа што ниту знаењето, ниту генијалниот талент нема да ве извадат од калта ако самите упорно се обидувате да останете внатре.

Исто како што Џеј за малку ќе ја прокоцкаше шансата за успешна кариера, затоа што за последен пат сакаше да им се најде на другарите кои биле тука за него како дете.

Повозрасните ќе се присетат на времињата во 80-тите и 90-тите години, на начинот на живот од тоа време. Ќе се присетат на времето во кое израснале, а помладите ќе имаат можност да научат нешто – дека улицата не е и не може да ја замени мајката, која те исфрлила од дома и не сака да те погледне.

go-gledav-filmot-za-djej-tri-dena-podocna-s-ushte-sum-pod-impresii-08.jpg

Дека за да успееш во животот, ќе мора да ѝ свртиш грб на улицата и да си заминеш, затоа што тие што упорно се трудат да останат таму, завршуваат слично: под тркалата на автомобилот или во непознат гроб од цемент.

На крајот на краиштата, ќе сфатите дека понекогаш, кога навистина поседувате талент, сепак можете да испливате на површина и кога живеете во општество и во систем што од самиот почеток е целосно свртен против вас и кога сте жртва на предрасуди од самото раѓање.

Импресиите од филмот не се во мигот додека го гледате, туку подоцна, откако ќе се обидете да сфатите што сте изгледале.

Прочитајте и Детали за новиот филм за Џеј Рамадановски: Детето што го глуми во младоста го нашле додека продавало на улица

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)? Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа...
Гол маж на сцената, легендарната шлаканица: Најконтроверзните моменти на Оскарите низ историјата Во 1973-та, Марлон Брандо одби да си ја земе статуетката, следната година гол ма...
Штркот Силјан вечерва ќе слета на Менхетн – премиера на филмот на Тамара Котевска Вечерва во легендарниот IFC Center во Њујорк ќе се одржи американската премиера ...
Култни филмови кои ќе беа сосема поразлични ако имаа друга актерска екипа (фото) Го замислувате ли Кевин од „Home Alone“ како Хари Потер? Или Сандра Булок намест...

Најчитани неделава