Филмски викенд: Зимски снежни филмови

zimski-snezni-filmovi-povekjeСнежната сезона е во полн ек, и некои неможат да дочекаат да одат да скијаат, бордаат или санкаат на некоја планина. Мене лично само погледот кон...


...белите брда, чистиот воздух, сонцето на образи и чајчето со рум, би ми било доволно за да уживам.

Затоа денешните филмски предлози се снежни. Ако немате услови за тоа ние ви нудиме три зимски филмчиња со различни тематики во зависност за што сте расположени.

Филмовите како Dumb and Dumber или Out Cold се незаборавни, но погледнете нешто поинакво.


Frozen (2010)

zimski-snezni-filmovi-1

Дали кога се возите со жичара си помислувате што ќе се случи ако се расипе? Што ќе правите ако заглавите во воздух, превисоко за да се скокне и без начин да се симнете?

Епа тоа им се случува на друштвово од филмот. И плус додадете го фактот дека никој незнае дека се на жичарата!

И кога ќе си помислите дека нема начин ова да стане полошо, се појавуваат и волци во приказната, кои се собираат под нив.

Филм што ќе ве држи напнати и ќе ве тера да си мислите што би направиле вие да сте во таква ситуација.

Во овој филм едниствениот негативец е природата, и ќе се фатиме како навиваме против неа, затоа што сакаме дечките да преживеат.

Останува на вас да го догледате и да откриете.

Режија: Adam Green
Глума: Emma Bell (Паркер), Shawn Ashmore (Џо), Kevin Zegers (Ден)


Chalet Girl (2011)

zimski-snezni-filmovi-2

Ким е истрауматизирана 19 годишна девојка, која престанала да се занимава со скејтерство после смрта на мајка и, и работи било што колку да преживее.

Наоѓа работа како слугинка/домаќинка/чувар во една луксузна викендица на Алпите, за да го издржува татко и и себе си. За да си го пополни слободното време почнува да учи сноубординг.

Приказната е едноставна и лесна за следење, зимска младалачка романтична комедија за релаксација на мозокот.

Она што е посебно во филмот се прекрасните Алпски пејсажи и романсата меѓу Ким и Џони.

А да, заборавив да напоменам Џони е синот на газдата на викендицата (непредвидливо, нели ;) ...а ние го знеме како Чак Бас од Gossip Girl.

Признавам дека е предвидлив целиот филм, ама британскиот хумор и скијачките сцени го прават интересен. Дадете му шанса, нема да зажалите.

Режија: Phil Traill
Глума: Felicity Jones (Ким), Ed Westwick (Џони), Tamsin Egerton (цимерката на Ким), Bill Nighy (таткото на Џони), Brooke Shields (мајката на Џони)


Let the Right One In (2008)

zimski-snezni-filmovi-3

Се разбира дека како предлог ќе имаме и шведски филм, со оглед дека таму има најмногу и најдолго снег во годината.

Слободно можете да го гледате римејкот на американците, под името Let Me In (2010), филмот и квалитетот се исти, нема да ви направи некој голем проблем. Јас лично секогаш повеќе ги сакам оргиналите.

Оскар е 12 годишно дете кој е често малтретиран од поголемите деца, и во слободното време смислува како да им се одмазди.

Во меѓувреме се спријателува со Ели и меѓу нив расте некоја платонска љубов, но уште во самиот старт се гледа дека таа не е како другите девојчиња. Таа е вампир.

Погледајте понатаму дали ќе опстане ова пријателство, и што се може да се прости кога се сака некој.

Одличен филм, прекрасно сработен во сите полиња, од приказна, до глума, до камера.

Овој филм ми ја врати вербата во вампирските филмови, донекаде донесе рамнотежа после светкавите вампири од Twilight.

Ели е крволочна, темна и страшна, иако има само 12 години.

Режија: Tomas Alfredson
Глума: Kåre Hedebrant (Оскар), Lina Leandersson (Ели)

Кои се вашите омилени зимски филмови?

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10-те најдобри филмови за 21-ви век, според гледачите Неколку филмови на единствениот Кристофер Нолан, но и анимиран филм кој прикажув...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...
10 филмови и серии кои ќе ви разбудат носталгија Дали сонувавте да имате моќ како Пру, Пејџ и Фиби од Charmed? А, дали се сеќават...
7 филмови посветени на познати сликари кои треба да ги изгледате Изведбата на Вилем Дефо како Винсент ван Гог е маестрална во At Eternity's Gate,...
Го гледав филмот за Џеј – Три дена подоцна, сѐ уште сум под импресии Ова не е музичка биографија на Џеј, ова е приказна за неговото детство, за тоа к...
5 причини зошто да ја изгледате шпанската серија „Valeria“ на Нетфликс Можеби работата не ве исполнува, не знаете дали навистина сте со партнерот од љу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg