Филмски викенд: Драма/Комедија

filmski-vikend-drama-komedija-povekjeНекогаш сакам да гледам филмови со повеќе суштина, бидејќи ми се здосадува од комедиите и акциите на кои се смеам на глас, но за половина...


...час ги заборавам. Или па ќе гледам тешка драма која ќе ме депримира наредните денови.

Затоа за овој викенд ви спремивме филмови кои жанровски спагаат во драма/комедија.

Потивки филмови кои поспоро се движат, а разработуваат интересни приказни каде хуморот е посуптилен и паметен.

Се надевам дека следните предози ќе ве остават во убаво расположение.

Уживајте во овој филмски викенд!


Young Adult (2011)

filmski-vikend-drama-komedija-1

Главната поента на филмот е дека: сите луѓе стареат, но не сите созреваат.

А тоа го учиме додека ја пратиме Мејвис, сеуште прекрасна и неверојатно секси иако е поблиску до 40ката, отколку до 30ката. Таа била позната писателка, но нејзината серија книги губи од популарност.

Таа била мажена, но сега е разведена и повторно сингл. Нејзиниот живот е досаден и предвидлив, и некако тажен. Но кога ќе открие дека нејзиниот непреболен средношколски дечко Бади станал татко, ќе добие фантастична идеа.

Ќе се врати во родениот град со намера да си го поврати животот што го живеела во средношколските години (ќе го украде Бади од жена му).

Тогаш била најубава и најпосакувана, Бади ја обожавал, сите ја мразеле и сите сакале да бидат како неа, и се и одело од рака.

Но сите продолжиле со животот, сите пораснале, а Мејвис се однесува како разгалена принцеза. На моменти ќе ја сакаме, на моменти ќе ја мразиме, но најмногу ќе ја сожалуваме.

Одлична даркерска депресивна драма со по некој комичен елемент. Шарлис Терон е фантастична како Мејвис.

Можеби вака изгледа приказната изгледа незрело, но филмот ќе ве замисли за сите оние луѓе што уште мислат дека живеат во средношколските денови.

Режија: Jason Reitman
Глума: Charlize Theron (Мејвис), Patrick Wilson (Бади), Patton Oswalt (Мет)


50/50 (2011)

filmski-vikend-drama-komedija-2

Снимен според вистинска приказна за 27 годишен дечко што ќе заболи од рак.

Овој филм воопшто не е депресивен и тежок, како другите филмови со болести, иако првата реченица ќе ве натера да го помислите тоа.

Дури е тешко да се замисли како филм за рак може да биде комичен, но верувајте овој е. Го следиме Адам, како дознава за својата болест, и како се справува со животот после тоа.

Неговите шанси за живот се 50-50. Во неговата борба му помага неговиот најдобар пријател, неговата премногу заштитнични насторена мајка и неговата млада и неискусна терапевтка.

Емотивен филм, кој ќе ви го разнежни срцето и ќе ве насмее во моменти кога нема да очекувате, а нема да се чувствувате дека е несоодветно да се смеете.

На сите ни треба хумор, дури и во најтешките моменти, бидејки без него животот ќе биде неподносливо тежок.

Прекрасен филм и го препорачувам на сите.

Режија: Jonathan Levine
Глума: Joseph Gordon-Levitt (Адам), Seth Rogen (најдобриот другар), Anna Kendrick (терапевтката на Адам)


Morning Glory (2010)

filmski-vikend-drama-komedija-3

Ова е најсмешниот филм меѓуденешните предози. Беки е паметна, убава, амбициозна и работи како продуцент на утринска емисија. 

Но откако ќе ја отпуштат, нема да може да најде пристојна работа... па е приморана е да ја води најнепопуларната утринска емисија во етерот.

Има проблеми со водителите, со вработените, со шефот и со рејтинзите. Покрај сите тие проблеми на работа, одвај успева најде време да се гледа со дечкото.

Таа е упорна да ја направи емисијата популарна и не се откажува. Филмот е лесен за гледање, едноставно чиста забава за да си го разубавите досадното попладне.

Актерската екипа е неверојатно добро склопена, Рејчел МекАдамс е слатка ( а треба да глуми строга шефица), а водителите (Харисон Форд и Дајан Китон) имаат одлична хемија и се најкомичниот елемент во целиот филм.

Гледајте го филмот, ќе ве инспирира, импресионира и ќе ве остави насмеан.

Режија: Roger Michell
Глума: Rachel McAdams (Беки) , Harrison Ford и Diane Keaton (водителите на утринската емисија)

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови кои реално ги прикажуваат битките со сериозни болести The Father премногу реално ја прикажува битката со којашто се соочуваат луѓето с...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 добитници на Оскар за најдобар филм што секој мора да ги изгледа American Beauty, Chicago, No Country for Old Man … Ако немате навика да гледате ...
10 забавни филмови кои ќе ве однесат на авантура во топлите летни ноќи Ако сакате потрага по изгубени богатства, вреди да го изгледате Uncharted. Ако, ...
„Тајни“ кодови за пребарување на Нетфликс по категории Знаевте ли дека на Нетфликс можете да користите кодови за подетално пребарување ...
10 (сериозни) тинејџерски филмови во кои ќе уживаат и возрасните Eight Grade ќе ви покаже со што навистина се соочуваат тинејџерите во модерно вр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg