Хумористична серија снимена во Скопска чаршија ја освојува публиката - „Чаршија“ е приказна за сите генерации
„Тука се преплетуваат култури, јазици и генерации – и сите се разбираат“ - вели Сибел Абдиу, креатор и режисер на серијата „Чаршија“.

„Чаршија“ е нова хумористична серија инспирирана од животот, ликовите и духот на Старата скопска чаршија. Чаршија не е само серија, туку жив организам.

„Тука се преплетуваат култури, јазици и генерации – и сите се разбираат“ - вели Сибел Абдиу, креатор и режисер на серијата.

Оваа недела излезе 26-та епизода од 36-те епизоди превдивени за оваа сезона.

Форматот е составен од кратки епизоди од 3–5 минути, наменети за дигитални платформи, снимани директно во срцето на Чаршијата во студио изградено во самиот нејзин центар.

Преку хумор и човечки приказни, „Чаршија“ ја прикажува мултикултурноста, занаетчиството и урбаните менталитети кои живеат едни покрај други во овој најстар и најавтентичен дел од градот.

Во серијата настапуваат познати актери и актерки, како: Борче Начев, Жаклина Петровска, Селпин Керим, Сузан Акбелге, Дарја Ризова, Аксел Мехмед, Теона Сима и многу други.
Погледнете неколку епизоди во продолжение:
А. Ј. | Црнобело