10 крими документарци на Нетфликс за познати (и морничави) случаи

The Trials of Gabriel Fernandez

Случајот со 8-годишниот Габриел Фернандез од Калифорнија го згрози светот бидејќи детето било жртва на луѓето кои требало да се грижат за него.

Неговата биолошка мајка, заедно со дечко ѝ, го малтретирале детето, за на крај да го убијат.

Документарецот е како критика на социјалните служби во САД кои потфрлиле, со што дозволиле Габриел, но и многу други деца, да бидат жртви.

Vatican Girl: The Disappearance of Emanuela Orlandi

За среќа, кај нас исчезнувањата на луѓе се реткост, па обично слушаме за случаи од САД.

Но, овој случај потекнува од Ватикан и токму поради тоа привлече внимание во целиот свет.

Емануела Орланди исчезнала во 1983 година и истрагата трае дури четири децении.

Во документарецот се претставени сите теории за она што ѝ се случило.

Who Killed Jill Dando?

Џил Дандо била позната водителка во Англија која работела за BBC.

Во 1999 година, таа е застрелана и убиена.

Иако убиецот беше фатен и затворен, по осум години зад решетки, беше ослободен бидејќи наводно бил погрешно осуден.

Conversations with a Killer: The Jeffrey Dahmer Tapes

Џефри Дамер е еден од најозлогласените и најсвирепите сериски убијци.

Документарецот не е препорачлив доколу сте почувствителни бидејќи главно се прикажани снимки од интервјуа во кои Дамер ги признава своите одвратни злосторства.

The Menendez Brothers

Браќата Менендез се прославија благодарение на играната серија Monsters: The Lyle and Erik Menendez Story, но на Нетфликс можете да изгледате и документарен филм за случајот.

Браќата Менендез одлежуваат затворска казна за свирепото убиство на нивните родители.

Но, тврдат дека делувале во самоодбрана.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 нови Нетфликс документарци кои ќе ве држат „залепени“ за екранот Документарците на Чарли Шин и Викторија Бекам, но и морничавите сведоштва на дев...
Актери кои освоиле Оскар секојпат кога биле номинирани Кристоф Волц има освоено две статуетки за споредна улога, и тоа во филмови на Кв...
10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
10 документарци на Нетфликс што вистински ќе ве трогнат Famous Last Words со Ерик Дејн кој беше постхумно издаден, емотивниот документар...
Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)? Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...

Најчитани неделава