Филмски викенд: Британски Комедии

filmski-vikend-britanski-komedii-povekjeПролетното време сите не расположи, па ние решивме да ви спремиме нешто подеднакво весело и хумористично. Не верувам дека некој од вас би...


...сакал да гледа хорори или па психолошки драми, затоа за овој викенд ви приготвивме британски комедии.

Нивниот хумор е специфичен, но има доста заедничко со она нашето сеир фаќање или реметење, па верувам дека нема да ви биде многу напорно за гледање.

Уживајте во овој филмски викенд!


The Inbetweeners Movie (2011)

filmski-vikend-britanski-komedii-1

Филм за тинејџерската публика. Приказната го следи патувањето на четворицата најдобри другари, кои завршуваат средно и решаваат да одат да се забавуваат лудо и незаборавно во Малија.

Да напоменам дека не се најпопуларните и најзгодните момци во школо, па и немале баш интересно средношколско искуство. Вил е призејмениот дечко, Сајмон е тазе откачениот депресивен дечко, Џеј е компулсивниот трчи-лажи, а Нил е ветрушката во друштвото.

Иако тргнати со намера да избегаат од сите проблеми, Сајмон ќе ја здогледа поранешната девојка и цел одмор ќе се искомплицира. Сите се приказна сама за себе, но уште поинтересна коа се заедно.

Приказната не е нова, но е одлично изведена. Го препорачувам за сите од 15 па нагоре.

Режија: Ben Palmer
Глума:  Simon Bird (Вил), Joe Thomas (Сајмон), James Buckley (Џеј), Blake Harrison (Нил)


Death at a Funeral (2007)

filmski-vikend-britanski-komedii-2

Филмот има две варијанти, едната американска, а другата британска, но јас ја препорачивам британската.

Го следиме Даниел, кој е мирен и стабилен човек а и добар сопруг. Тој го организира погребот на својот татко, но универзумот некако има друг план.

Замислете ги најлошите работи што можат да се случат на еден погреб, и после додадете уште пола, и ќе го добиете хаосот со кој ќе се справува Даниел.

Паметен хумор, одлично и оргинално сценарио, и предобра изведба од сите глумци.

Иако темата делува тажно и морбидно, ве уверувам дека е сосем спротивно. Има моменти кога устата ќе ве заболи од смеење.

Режија: Frank Oz
Глума: Matthew Macfadyen (Даниел), Peter Dinklage, Ewen Bremner


A Few Best Men (2011)

filmski-vikend-britanski-komedii-3

Овој е мојот омилен филм на листата. Дејвид ќе се заљуби преку уши во Миа на еготичен остров, и непланирано ќе ја побара за жена.

После некоклу месеци гледаме како Дејвид оди во Австралија за свадбата со неговата фамилија.

Но, неговата фамилија се тројца многу чудни момци: Том кој одбива да созрее, Греам кој е најкроток и попуствлив, и Лук што пати по бившата девојка.

Иако се тргнати со добри намери да се забавуваат на свадбата, некако многу работи се случуваат за да ги одалечат од забавата.

Можеби сте се умориле од филмови како Hangover, но овој филм го нема тоа чуство дека настаните се неверојатни.

Една од посветлите точки во филмот е Оливија Њутн Џон, која првпат ја гледам после Grease. Се надевам дека ќе уживате во оваа одлична комедија.

Режија: Stephan Elliott
Глума:Xavier Samuel (Дејв), Laura Brent ( Миа), Olivia Newton-John (мајката на Миа)

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 одлични комедии од изминатата деценија (ќе ве насмеат до солзи) Eurovision Song Contest инспириран од Евровизија, или, пак, Spy кој е одличен сп...
Дали се сеќавате - Филм со Џорџ Клуни и Никол Кидман е снимен во Македонија, Тоше „глуми“ во првата ... „Првиот филм објавен од DreamWorks ја избра Македонија како нивна локација за сн...
3 години снимање во екстремни услови му донесе на Силјан нова номинација - исклучителен продуцент/и ... Документарниот филм „Приказната за Силјан“, откупен за глобална дистрибуција од ...
Легендарни фотки од ѕвездите на црвениот тепих во 1994 – годината која се смета најдобра со најмногу... Младите Том Круз и Бред Пит еден до друг, Џим Кери во подемот на славата со Каме...
 „Силјан“ во режија на Тамара Котевска е годинашниот македонски кандидат за „Оскар“ Македонскиот филм „СИЛЈАН“ во режија на Тамара Котевска и во продукциј...
10 премиери и нови сезони на серии до крајот на лето 2026 Римејк на морничавиот Cape Fear од 1991-ва, адаптација на популарната Lord of th...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg