10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето
Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во Италија или, пак, A Perfect Story – приказна за дечко и девојка со сосема различни животи.

Ако сте како повеќето, во лето веројатно сте порасположени за некоја лесна драма или љубовна приказна отколку нешто што ќе ве измори.
Доколку ви се гледа нешто забавно, што ќе ви помогне да се опуштите, сигурно ќе ви се допаднат нашиве предлози.
Десет романтични серии на Нетфликс, совршени за лето:
Summertime
Летна италијанска драма сместена во гратче покрај Јадранското Море.
Главниот лик е Самер, млада девојка која сонува да избега од гратчето и да го види светот. Почнува врска со бунтовен мотоциклист, чиј живот е многу поразличен од нејзиниот.
Valeria
Главниот лик е Валерија, писателка која има проблеми и со кариерата, и со бракот.
Додека пробува да се справи со предизвиците, утеха наоѓа кај трите најдобри пријателки.
One Day
Романтична драма која опфаќа многу години од врската на еден пар, почнувајќи од нивната средба на 14-годишна возраст.
Серијата го прикажува истиот ден од секоја година во нивните животи – 15-ти јули – и иако има мигови кога биле разделени, и двајцата постојано налетуваат еден на друг.
A Perfect Story
Главните ликови се Марго и Дејвид – личности со сосема различни животи. Додека Марго е богата наследничка, Дејвид има три работни места за да сврзи крај со крај.
Неочекувано, нивните животи се испреплетуваат.
An Astrological Guide for Broken Hearts
Главниот лик е Алис, млада жена која откако останува сингл, одлучува да побара помош во астрологијата.
И, така се зближува со Тио, самопрогласен експерт за астрологија кој ѝ ветува дека ќе ѝ помогне да најде љубов.
