10 забавни (и мрачни) серии на Нетфликс и HBO што ќе ве натераат да размислувате
Godless
Godless е вестерн драма, чие дејство е сместено во далечната 1884 година.
Главниот лик е млад криминалец кој пробува да се скрие во гратче во Њу Мексико, каде што повеќето жители се жени.
The Good Place
Иако е комедија, The Good Place дефинитивно е серија која ќе ве натера да размислувате за „големите прашања“, како животот и смртта.
Главниот лик е Еленор, жена која поголемиот дел од животот била корумпирана и по својата смрт завршува на место кое личи на рајот.
Но, сфаќа дека е таму по грешка, па пробува да си го скрие минатото за да може да остане во рајот.
Collateral
Трилер од само четири епизоди, чие дејство се одвива во период од четири денови.
Откако доставувач на пица е убиен во Лондон, млада детективка почнува да работи на случајот. Но, обидува да прифати дека убиството е само обично насилство.
Maniac
Мини-серија со одлична актерска екипа што ја сочинуваат Ема Стоун, Џона Хил и Џастин Теру.
Главните ликови се маж и жена кои се пријавени на мистериозно фармацевтско тестирање за лек кој наводно ќе им ги реши сите проблеми, засекогаш. Но, многу работи не одат како што си замислиле.
The OA
The OA е одличен спој на научна фантастика, трилер и драма.
Главниот лик е слепа жена која исчезнала пред седум години. Кога се враќа дома, веќе е во своите 20-ти и повторно може да гледа. Додека некои го гледаат нејзиното враќање како чудо, други почнуваат да се плашат од неа.
Спирова С. | Црнобело