Бев на снимањето на новиот филм на Милчо Манчевски - Како си поминав зад сцената?
Двајцата беа „влезени во улогата“ и ги живееја своите ликови, несвесни за ништо, освен за тоа што треба да го одглумат во моментот. Вистински професионалци - немам друг коментар, освен да ги пофалам.
Освен актерите, во просторијата беа и уште неколку членови на екипата, задолжени за светлото, микрофоните...


Со Милчо, пак, разменија неколку реченици за сцената, а тој им даде мини насоки што да пробаат во следното преснимување.
„Одиме во режија, да видиш како изгледа од другата страна“, ми рече Ивана Тасев, ПР-от на филмот.


Седнав зад Милчо, кога во шаторот дојде еден дечко. Ми подава слушалки, и ми вели:
„Земи ги за да го слушаш убаво дијалогот“.
И сцената почна да се снима отпочеток, па уште еднаш, и уште еднаш. Од еден агол, друг, трет, широк кадар, крупен, со Сара во фокусот, со Филип...


А тие двајцата - одлични. Штом се слушнеше акција, во истата секунда се трансформираа во ликовите што ги глумат.
„Сара е неверојатна, мора да ѝ кажам колку ме воодушеви“, ѝ велам на Ивана.
„Знаеш ли дека и таа и Филип се толку внесени во улогите, што дишат со ликот? Ма не само тие, туку цела екипа.
А за нив двајца што да ти кажам - од 30 дена снимање, Сара има 30 дена снимање сцени, Филип - 29. Одлични се, одлични. Туку, ајде да те прошетам по сетот“, ми одговори таа.


