Бев на снимањето на новиот филм на Милчо Манчевски - Како си поминав зад сцената?
Иако мораше цело време да шепотиме, зашто снимањето течеше без престан, ме одведе на локациите кај што веќе се снимало, ми го покажа Виктор, зелениот папагал што зборува, ме запозна со Дејвид Манс.
„Многу сум задоволен како одат работите за сега. Имаме уште околу 3 недели снимање, ама изгледа одлично“ - ми кажа тој.


А таму некаде зад сцената, го сретнав и Стефан Николовски, кој глуми во филмот на Милчо.
„Чекам да се стемни за да почнеме да снимаме, мојата сцена денес е ноќна.
Ќе видиш, многу е забавно“, ми кажа, па застана да го фотнам со лажната тетоважа на раката, а која е заштитен знак на неговиот лик.

фото: Стефан Божаров
Малку е да кажам дека навистина уживав и се забавував во неколкуте часа поминати на снимањето на „Збогум Копакабано“.
Никогаш досега не сум била на сет на филм и сè ми беше ново, возбудливо, забавно, сакав да го впијам секој момент од тоа што го гледам пред себе.


Да бидам искрена, заборавив и на жештината, и на сонцето, и на ветерот... Уживав во моментот, во сè она што ми го донесе денот - нови луѓе, позитивна енергија, ново искуство.
Од снимањето си заминав полна со впечатоци и прашањето „Кога ќе биде премиерата?“, зашто, едвај чекам да го гледам филмот.
фото: Стефан Божаров

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
