10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween
Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета за еден од најдобрите филмови кои излегле годинава.

Без разлика дали ќе се маскирате или не за Ноќта на вештерките, голема е веројатноста вечерва да сте расположени за хорор.
На Нетфликс и HBO Max има огромна понуда, но за да ви заштедиме време за барање, издвоиме десет наслови што можеби ќе ви се допаднат.
5 хорор-филмови на Нетфликс:
The Nun
The Nun е приквел на The Conjuring 2, нема потреба да го гледате прво тој.
По смртта на млада калуѓерка во Романија, свештеник од Ватикан и негов ученик се испратени да го истражат случајот.
Но, овде се соочуваат со некакво злобно суштество.
The Ritual
Малку поразличен тип на хорор кој ќе ви се допадне ако сакате страшни народни приказни.
Главните ликови се група пријатели кои одат на планинарење во Шведска.
Набрзо сфаќаат дека не се сами во густата шума.
1922
Снимен според истоимената книга на Стивен Кинг, 1922 се фокусира на маж кој планира да си ја убие сопругата за финансиска добивка.
Притоа, го убедува неговиот син тинејџер да му помогне во злосторството.
Deliver Us from Evil
Постојат многу филмови со егзорцизми, но според голем дел од публиката, Deliver Us from Evil дефинитивно се истакнува.
Главниот лик е полицаец со низа лични проблеми, кој се здружува со свештеник за да се бори против злото.
Mr. Harrigan s Phone
Уште еден филм снимен според приказна на кралот на хоророт – Стивен Кинг.
Главниот лик е Крег, млад дечко кој се спријателува со постар милијардер.
Откако милијардерот умира, дечкото сфаќа дека може да комуницира со него преку телефон.
