10 нови серии од 2026-та кои ја освоија публиката
Комедија, драма, трилер, па и хорор – иако сме само во вториот месец од новата година, веќе има бројни нови серии меѓу кои сигурно ќе најдете нешто по ваш вкус.

Немаат поминато ни два месеца од 2026 година, но ова беше доволно време за да излезат некои навистина добри серии.
Покрај неколку нови сезони од сериите што ги следиме, годинава веќе се појавија и нови наслови, и тоа од секој жанр.
Десет серии од 2026-та што ја освоија публиката:
Run Away
Главниот лик е инвеститор чија ќерка, која е зависничка од дрога, побегнала од дома.
Додека се обидува да ја најде, се вплеткува во опасното подземје каде што открива тајни кои можат да му го уништат навидум совршениот живот.
Best Medicine
Главниот лик е хирург кој ја напушта својата импресивна кариера во Бостон и се вработува како лекар во мало рибарско гратче.
Но, локалците не се баш воодушевени од неговото однесување кое некогаш е и неучтиво.
https://www.youtube.com/watch?v=8zxy5q5L2NI
His & Hers
His & Hers е напнат трилер со сопружници кои пробуваат да решат убиство.
Едниот е детектив, а другиот новинар, а и двајцата се сомневаат еден во друг.
Agatha Christie’s Seven Dials
Снимена според истоимената книга на Агата Кристи, дејството на серијата е сместено во 1925-та, кога домашна забава завршува со смртен случај.
Иако жртвата наводно се предозирала со лекови за спиење, домаќинката на куќата е убедена дека е убиена.
Ponies
Во 1970-тите во Москва, сопрузите на две секретарки во Американската амбасада се убиени.
По трагедијата, стануваат соработници на ЦИА и откриваат голема теорија на заговор поврзана со Студената војна.
