10 филмови кои не се номинирани во главната категорија за Оскари 2026, но вреди да се изгледаат
The Smashing Machine со Двејн Џонсон, Blue Moon со Итан Хок, Song Sung Blue со Хју Џекмен и Кејт Хадсон...

Само десет филмови се натпреваруваат во главната категорија на Оскарите, но во бројните други категории дефинитивно има филмови кои исто така вреди да се изгледаат.
Минатата година имаше навистина одлични филмови од сите жанрови, од кои дел добија по барем една номинација за годинашните Оскари.
Десет филмови кои не се номинирани во главната категорија за Оскари 2026, но вреди да се изгледаат:
Blue Moon
Лоренц Харт е текстописец кој се справува со алкохолизам и проблеми со менталното здравје. Целта му е да си ја спаси репутацијата со мјузиклот Oklahoma.
Во главните улоги ги гледаме Итан Хок, Маргарет Кволи и Ендру Скот.
If I Had Legs I’d Kick You
Главнит лик е Линда, жена чиј живот почнува да се руши.
Додека пробува да се справи со мистериозната болест на нејзината ќерка, нејзиниот сопруг е отсутен, а таа развива и чудна врска со нејзината терапевтка.
Song Sung Blue
Снимен според вистински настани, Song Sung Blue ја раскажува приказната за пар кој настапувал како трибјут бенд на Нил Дајмонд.
Емотивниот мјузикл е како порака дека никогаш не е доцна да ги следите вашите соништа.
Главните улоги им припаѓаат на Кејт Хадсон и Хју Џекмен.
Weapons
Опишуван како еден од најдобрите хорор-филови од поново време, Weapons се фокусира на морничава мистерија.
Сите деца од еден клас, освен едно, исчезнуваат во истата ноќ, а нивните семејства пробуваат да откријат што им се случило.
Zootopia 2
Zootopia се покажа како огромен хит и сега, скоро десет години подоцна, и второто продолжение го успехот.
Главните ликови повторно се зајакот полицаец Џуди и нејзиниот пријател – лисецот Ник, кои треба да решат голема мистерија.
