10 филмови од 2026 кои ги освоија симпатиите на публиката

Project Hail Mary со Рајан Гослинг, Send Help со Рејчел Мекадамс, Wuthering Heights со Марго Роби и Џејкоб Елорди…

10-filmovi-od-2026-koi-gi-osvoija-simpatiite-na-publikata-01.jpg

Уште во првите три месеци, 2026-та покажа дека ќе биде одлична година за филмови.

Додека ги чекаме блокбастерите како третото продолжение на Dune и новиот филм на Кристофер Нолан, веќе има одлични наслови кои навистина вреди да се изгледаат.

Десет нови филмови што ја освоија публиката:

The Rip

Во нивната нова соработка, Бен Афлек и Мет Дејмон ги гледаме во улогата на полицајци кои наоѓаат скриени милиони долари во кеш.

Откритието создава раздор меѓу нивната група полицајци бидејќи почнуваат да се сомневаат едни во други.

The Wrecking Crew

Со Џејсон Момоа и Дејв Батиста во главните улоги, The Wrecking Crew е приказна за двајца полубраќа чиј татко умира во мистериозни околности.

Додека пробуваат да ја откријат вистината, налетуваат на тајни и заговори кои можат да му го уништат семејството.

Send Help

Send Help, во режија на Сем Рами и со Рејчел Мекадамс во главната улога, е хорор со примеси на комедија.

Главните ликови се жена и нејзиниот шеф кои остануваат заглавени на пуст остров по авионска несреќа.

За да преживеат, мора да најдат начин да ги надминат нивните разлики и да почнат да соработуваат.

Project Hail Mary

Project Hail Mary, кој е снимен според истоимената книга на Енди Вир, веќе се вбројува меѓу најдобрите филмови од годинава.

Главниот лик е професор кој се буди во вселенски брод, без никакви сеќавања за тоа како се нашол таму.

Wuthering Heights

Адаптацијата на „Оркански височини“ од Емили Бронте можеби наиде на критики, но ништо не ја оспорува популарноста на филмот.

Дејството се фокусира на епската љубов помеѓу Кетрин и Хитклиф, а во главните улоги ги гледаме Марго Роби и Џејкоб Елорди.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
10 филмови што секоја интелигентна личност треба да ги изгледа The Machinist со Кристијан Бејл, Bridge of Spies со Том Хенкс или, пак, рускиот ...
10 филмови од годинешниот Филмски фестивал во Венеција што треба да ги изгледате Мрачниот Frankenstein на Гиљермо дел Торо или, пак, The Smashing Machine кој се ...
10 премиери и нови сезони на серии до крајот на лето 2026 Римејк на морничавиот Cape Fear од 1991-ва, адаптација на популарната Lord of th...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg