10 (морничави) филмови за мистериозни тајни друштва и култови

Rosemary’s Baby

Еден од најпопуларните (и најмонирчавте) хорор филмови од 20-тиот век е секако Rosemary’s Baby.

Главниот лик е Розмери, млада жена која со својот сопруг се вселува во нов дом.

Кратко по преселбата почнуваат да ѝ се случуваат чудни работи, а откако ќе остане бремена, сфаќа дека можеби она што го гледа е реално.

The Master

За разлика од останатите филмови на листата, The Master нема примеси на хорор, но многу реалистично прикажува како изгледа животот во култ.

Хоакин Феникс глуми воен ветеран кој не може да се справи со животот по Втората светска војна.

Но, набрзо открива религиско движење кое почнува да му дава некаква надеж.

Under the Silver Lake

Сем е мрзелив маж кој верува во теории на заговор. Кога неговата сосетка исчезнува, самиот се вплеткува во една бидејќи тргнува на мисија да ја најде.

Филмот има примеси на комедија, а главната улога му припаѓа на Ендру Гарфилд.

The Sacrament

The Sacrament е снимен според навистина вознемирувачка вистинска приказна – масовното самоубиство на членовите на култот Peoples Temple.

Главниот лик е репортер кој пробува да ја најде својата сестра која е член на култот.

Важно е да се напомни дека во филмот има неколку насилни сцени кои можат да бидат вознемирувачки.

The Invitation

Главниот лик е маж кој е поканет на вечера кај неговата поранешна сопруга и нејзиниот нов сопруг.

Набрзо сфаќа дека бившата и нејзиниот сопруг се многу променети, па почнува да се плаши за нивната вистинска намера и се сомнева дека се дел од некаков култ.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во ...
10 летни хорор филмови кои ќе ве „смрзнат“ од страв Midsommar кој многумина го нарекуваат најдобриот хорор-филм или I Know What You ...
10 филмови на Нетфликс и HBO Max совршени за Halloween Неколку адаптации на кралот на хоророт – Стивен Кинг – но и Weapons кој се смета...
10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10 забавни крими мистерии во кои нема да погодите кој е негативецот Неколку филмови инспирирани од легендарните книги на Агата Кристи, но и мрачни т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg