10-те најконтроверзни филмови и серии на Нетфликс
Tiger King
Документарната серија Tiger King како да ја одбележа пандемијата бидејќи почна да се емитува во периодот кога почна и локдаунот.
Ѕвезди во серијата се одгледувачи на тигри и слични диви животни и нивните секојдневни проблеми
Серијата се соочи со критики поради неетичкото третирање на животните, но и дел од ѕвездите, а некои сметаат дека ја крие суровата реалност зад одгледувањето диви животни, како тигри.
The Crown
The Crown e инспирирана од приказната на британското кралско семејство, а дејството опфаќа неколку децении.
Почнувајќи од младоста на кралицата Елизабета, во серијата се опфатени сите големи настани од британската монархија, вклучувајќи го и бракот на Дијана и Чарлс.
Серијата важи за една од најдобрите во продукција на Нетфликс, но фановите на кралското семејство ја критикуваат бидејќи сепак си зема голема слобода за интерпретирање на она што навистина се случувало зад затворени врати.
13 Reasons Why
13 Reasons Why се прослави преку ноќ, иако важи за вознемирувачка серија.
Главниот лик е средношколка која извршува самоубиство. Таа е и нараторот на серијата и раскажува кои се 13-те причини кои ја натерале да посегне по својот живот.
Серијата беше критикувана бидејќи лошо ја има обрабено темата самоубиство и на моменти како да ја „гламуризира“. Имаше критики и за некои од вознемирувачките сцени, за кои Нетфликс првично немаше ставено предупредување.
Wild Wild Country
Документарната серија Wild Wild Country ја раскажува лудата приказна за Ошо – познатиот мистик и духовен учител кој имаше следбеници низ целиот свет.
Серијата ги опфаќа најконтроверзните мигови од животот на гуруто, кога неговата организација почнала да наликува на секта.
Документарецот беше критикуван бидејќи премногу се фокусирал на надворешните конфликти, наместо на она што се случувало во самиот култ, вклучувајќи ги и гласините за малтретирање на следбениците.
Monster: The Jeffrey Dahmer Story
Уште еден сериски убиец на листата – серијата Monster: The Jeffrey Dahmer Story е инспирирана од Џефри Дамер.
Дејството го опфаќа речиси целиот негов живот – од детството и првите убиства, па сè до неговото апсење. И, може да биде навистина тешка за гледање.
Иако беше мошне популарна, серијата се соочи со критики дека ги занемарува жртвите на убиецот, но и дека ги експлоатира страдањата на нивните семејства за профит.
Спирова С. | Црнобело